• Latest

Добар ветер Кежо!

August 14, 2017
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Добар ветер Кежо!

August 14, 2017 17:36
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Гледај да се снајдеш како знаеш и умееш. И да го продолжиш едногодишното отсуство, колку што можеш подолго, или да ги прибереш и своите и да останете Таму… Најдобро самиот почувствува дека едните Те мразеа од сè срце, а за жал, добар дел од другите, демек, Те „сакаа“, ама само како лампион. А, ако во Македонија нешто, што било, навистина се смени на подобро, за толку кус период, оти и премногу долго траеше бесчестието и безаконието, веднаш ќе Ти се јавам да се враќаш…

Пишува: Синиша Станковиќ

„Сите сме Кежо!“. Не сме, не сме де, да не се лажеме! Тој напиша текст со кој мислеше дека ќе исправи неправда, и потоа, храбро опстана и ги издржа притисоците и уцените – да стане мивка, па го осудија на карикатурален процес од кој се срамеа и публиката и новинарите, и адвокатите и останатите обвинети, па одлежа затворска казна и денес, збирштина непрокопсаници го третира без срам и перде – како осудувано лице… Па, па, па…

Апсењата, понижувањата, годините зад решетки, кинењето нерви во домашен притвор, последиците по неговото здравје и здравјето и душевниот мир на неговото семејство, тој, сопругата и ќерката, најдобро си ги знаат и чувствуваат и ден-денес…

Во саботата, со автобус, Томче замина за Германија. И стигнал, по 36 часа клацкање и чекање по границите. До крајната дестинација, Хамбург, продолжил денес, со воз. Поради веќе традиционалниот хаос со превозниците, сопругата и ќерката, ќе му се придружат деновиве, да бидат со него, барем првите денови, па ќе се вратат во вечната Македонија, која си ги отфрла чедата, клоцајќи ги како да се натрапници, туѓи…. Викендов, кога уште знаевме дека сите заедно заминуваат, на Кежаровци им посакавме среќен пат, убав престој, барем две недели квалитетен заеднички живот… Како и оние, само утрово, најмалку 200 пријатели, познаници, почитувачи…, кои им посакаа на Фејсбук, што побрзо заборавање на сето она што е зад нив, и поубаво утре…

„Сите сме Кежо!“, викавме. Да де, врескавме, ама… Скандиравме и пред „сваровски – судот“ и пред капијата на Шутка.  Саркастично им ветувавме на сатрапите и дека ќе пишуваме како што сакаат, по нивниот ќеиф, само да го ослободат. И маски со неговиот лик носевме, иако беше морничаво. Ги пцуевме ем колневме, тие кои го „пакуваа“ случајот и сите оние кои овозможија таква подлост, гнасејќи си ги професиите и продавајќи си ги ефтино и душите и задниците… И само еднаш, во судница, молејќи го да не се скрши, оти слабоста ќе им докаже на криминалците дека ја скршиле и професијата, и јавноста, и каквата-таква демократија, го молевме да ги скрие, да ги избрише солзите…

На една од годишнините и свеќи палевме – до на земја оставените камери и фотоапарати, „за помен на убиеното македонско новинарство“, откако штитовите на кордонот специјалци, нè спречија да протестираме со молк, пред Музејот на ВМРО. (Што ли ќе беше да се соберевме сите новинари, сосе оние помолчаливите, кои останаа чисти и не забегаа меѓу давајгазовците и мегафоните, и да вресневме, навистина!) И цвеќиња положувавме, уште потоа… И врз грбот на Кежо, баравме демократија за нас. До одлуката на Апелација. Пред две ипол години, ми се чини… Кога го „ослободија“…

Потоа, на ослободениот Кежо, му честитаа, го гушкаа, на раце го креваа, за народен херој ќе го прогласеа, се туркаа за да бидат до него на протестите и маршевите – за фотка, за снимка де, за „селфи за баба ми, многу те сака“… И го удираа по рамо, ветуваа помош на семејството, градите си ги помодруваа, тврдејќи дека знаат оти е жртва, море – маченик, и дека штом дојде слободата за сите, тоа ќе знае да се цени…

И слободата дојде. За сите. Во неговиот случај: глува како топ, засипната од хорско славење на победата, јасно фалшира до балчак…

А Кежо, не бараше да биде нечиј портпарол ни советник, ни директор, ма ни специјален советник, ни член на управен или надзорен одбор, ни гагаџија, ни кодош, ни трчилаж… Тоа можеше и со арамиине, да прифатеше…

Гледајќи го кадровскиот панаѓурски рингишпил деновиве (знам дека јавно ветив дека до 100-иот ден на новиве, збор критика нема да напишам – оти победниците на политичките избори, носени од позитивната енергија на студентите, на средношколците кои ги збоднаа и умртвените родители, на дел од професорите, на „шарените“, на дел од невладините, мора сепак, да се остават раат, зашто за 11-те години девастација и тешко труење, ќе треба барем две децении детоксикација на почвата, пресадување од корен и одгледување на нова, здрава Македонија – ама, не се издржува!), на сиктер-кафето ем пивото со Томче, низ заби му процедив, да бере памет…

Ајде, да речеме и дека бевме сите Кежо. Сега, Кежо си е Кежо.

Таму. Сам.

Tags: „лампион“затворКежаровскипонижувањеПротестисудење
Share168Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ