• Latest

Милчо Манчевски: Не припаѓам на ниту една банда

August 16, 2017

РЕАКЦИИ: „Чувствувам“ значи „наредувам“ – жестоки критики за изјавата на Мицкоски

April 17, 2026

(ВИДЕО) Кога медиумите се бојно поле: д-р Волфганг Ресман за хибридното војување и проектот Hate-Less

April 17, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите денеска?

April 17, 2026

Специјален трибунал за кривичното дело агресија на РФ

April 16, 2026

РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

April 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

April 16, 2026

Масовен руски напад врз цивилни цели во Украина: најмалку 16 цивилни жртви, над 100 повредени

April 16, 2026
Ерол Ризаов

Премиерот Мицкоски стана многу „чувствителен“

April 16, 2026

Македонската психолошка опседнатост со Албанците

April 15, 2026
Андриј Сибига

Украина реагира: Руски брод со украдено украинско жито во израелско пристаниште отвора алармантни прашања

April 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

    Масовен руски напад врз цивилни цели во Украина: најмалку 16 цивилни жртви, над 100 повредени

    Андриј Сибига

    Украина реагира: Руски брод со украдено украинско жито во израелско пристаниште отвора алармантни прашања

    Креирано со помош на ВИ

    РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

    УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

    Џабир Дерала, Аргумент плус, ТВ 24, со Билјана Секуловска - Ива, 14 април 2026 (скриншот)

    Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

    УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

    Европа воздивна со олеснување и му ја честита победата на Маѓар

    Европските демократи: Орбан ги загуби изборите – Трамп и Путин губат една марионета во Европската Унија

    (ВИДЕО) Унгарија го слави крајот на Орбан

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    РЕАКЦИИ: „Чувствувам“ значи „наредувам“ – жестоки критики за изјавата на Мицкоски

    ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие (не) одговараат – која е вашата порака до политичарите денеска?

    РЕАКЦИИ: Поделена јавност – затвор или политички камбек за Груевски?

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

    Ерол Ризаов

    Премиерот Мицкоски стана многу „чувствителен“

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Креирано со помош на ВИ

    РЕАКЦИИ: Падот на Орбан без ефект врз Македонија – граѓаните меѓу иронија и критика за политичките импликации

    УТРИНСКА ПОШТА: Енергетска неизвесност, блокада во Персискиот Залив и турбуленции во регионот

    Кој со Орбан тикви садел…

    Џабир Дерала, Аргумент плус, ТВ 24, со Билјана Секуловска - Ива, 14 април 2026 (скриншот)

    Дерала во ТВ24: Сценариото е познато, сцената поставена – Груевски, Мицкоски, Вучиќ, Орбан и ансамблот

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    Специјален трибунал за кривичното дело агресија на РФ

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски како Алиса во земјата на чудата: Дали сме ние во Европа или во Африка?

    Македонската психолошка опседнатост со Албанците

    Новата анатомија на моќта: Географијата како судбина и стратегија во мултиполарниот свет

    Кој со Орбан тикви садел…

    Креирано со помош на ВИ

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    Петер Маѓар (ФБ)

    Маѓар победи. Вистинскиот тест за Унгарија започнува.

    Џелал Хоџиќ

    Унгарците го испратија Орбан во историјата – што со „орбановците“ на Балканот?

    Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, 9 април 2026 (скриншот од „Само интервју“ на ТВ Канал 5)

    Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    Secretary of War Pete Hegseth and Chairman of the Joint Chiefs of Staff U.S. Air Force Gen. Dan Caine conduct a press briefing on Operation Epic Fury at the Pentagon, Washington, D.C., March 31, 2026. (DoW photo by U.S. Navy Petty Officer 1st Class Alexander Kubitza)

    „Бог ја заслужува сета слава“ — Не, г. Хегсет. Не ја заслужува.

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home КУЛТУРА

Милчо Манчевски: Не припаѓам на ниту една банда

August 16, 2017 10:44
in КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

За тврдењата на власта дека опозициските „бомби“ се монтирани и креирани, а во кои се разобличија криминалите на владата на Груевски, тој се изрази лаконски – ако „бомбите„ се монтирани, ќе го земе тој човек да работи на неговиот следен проект. Милчо Манчевски. Македонскиот режисер и уметник, познат и признаен во планетарни рамки, човекот кој никогаш не ја заборави Македонија и преку своите дела ја прослави ширум светот, говори за ЦИВИЛ Медиа. За себе вели дека мисли глобално, но дејствува локално. Скромен по природа, Манчевски, сепак, не може да го избегне фактот дека неговите уметнички дела имаат глобален ефект. 

ЦИВИЛ Медиа: Каква е општествено-политичката позиција и одговорност на уметниците и интелектуалците?

МАНЧЕВСКИ: Одговорност и привилегија да се биде чесен и гласен имаат уметниците, интелектуалците, ама и сите граѓани, особено оние што примаат државна плата. Од уметниците и интелектуалците со право се очекува да формулираат став кој ќе биде дел од еден дискурс полезен за заедницата или да бидат славејот во рудникот и први да ги забележуваат девијациите – иако целта на уметноста не е да се бави со општеството, туку да се бави со човекот. Како и да е, оваа обврска на уметниците и интелектуалците не ги апсолвира граѓаните. И интелектуалецот и уметникот треба да придонесуваат на заедницата, ама тоа треба да го прави и секој граѓанин. Тој самиот треба да учествува во создавањето на подобра, пофер и попрогресивна заедница. Тоа нема никој друг да го стори за него. За жал, во Македонија има многу полтрони. Кога е детето мало не се прашува дали е весело или дали е паметно, или дали е среќно, туку дали слуша. Учени сме да бидеме користољубиви, а тоа подразбира да бидеме тивки и послушни. За илјадници од овие криминали што се случуваа, за унаказувањето на градот и на државата, за сето тоа има потписи и два кренати прста на илјадници послушни македонски апаратчици кои во тоа влегувале со цел да се офајдат. Власта не е дојдена од Јупитер, туку е од тука и поддржана од премногу послушни и користољубиви граѓани.

ЦИВИЛ Медиа: Уметниците и интелектуалците се повикани да бидат одговорни пред општеството. Тие не можат да останат на страна од политичките и општествените настани и процеси. Начинот на кој тие ќе одберат да учествуваат во општеството е нивна индивидуална одлука, но има силен општествен и политички одек. Во времиња тешки за демократијата, голем дел од интелектуалците и уметниците решаваат да молчат или да ги прикријат своите мисли од големото око на режимите. Некои стануваат дел од системот. А малкумина од нив, решаваат да бидат гласни и бескомпромисни. Некои, пак, се придружуваат кон политичката опозиција, а по падот на режимот, стануваат дел од новите власти. Каде беше Милчо Манчевски?

МАНЧЕВСКИ: Јас би сакал да ги погледнете уште еднаш моите филмови и да ги препрочитате моите интервјуа од последниве 5, 10 или 20 години. Со години укажувам на она за што мислам дека е важно да се зборува и ме слушаат многу луѓе и во Македонија и во светот. Некои тивко размислуваат за тоа, други пишуваат есеи или го предаваат моето дало на универзитети и средни школи, трети ги стваат моите реплики на транспаренти. Зборувам за работи кои треба да се веќе апсолвирани: дека треба да се биде хуман, чесен, вреден, солидарен, да се сака ближниот, да се осуди корупцијата, омразата и национализмот, да се биде спремен на саможртва. Тоа го кажувам во моите интервјуа и написи, ама – многу поважно – во моето уметничко дело. Нешто се обидувам и на дело да помогнам. Зборувам и за конкретни работи – за војната во 2001, за грчкиот национализам, за криминалниот пустош кој властодршците го оставија зад себе, за конкретниот криминал во Филмскиот фонд, за фактот дека племенската поделба и партиските криминали ја разјадуваат земјава како жива рана… Поради она што го кажувам и снимам често имав проблеми за кои не зборував јавно, а бев на црна листа повеќе од седум години, сите мои уметнички проекти беа замрзнати, власта се обиде да го забрани МАЈКИ, дома ми беше пратена полиција, мегафоните на власта ме напаѓаа со гнасни лаги, а медиумите се обидуваа да ме скријат од јавноста.

Мислам дека уметникот прво треба да зборува со своето дело. Доброто уметничко дело не е само одраз на времето и на местото, туку има универзална тежина и зборува за општочовечки прашања. И во уметноста, и надвор од неа јас верувам во прецизно кажана мисла. Достоинствена.  Не ми требаат суетни Фејсбук преписки. За жал, кај нас владее една токсична какофонија, како јатрви што врескаат на капиџик. Јас одбивам да бидам вовлечен во еден таков недостоинствен хаос. Поради тоа сум еден од ретките што ја имал честа да го плукаат и Латас и Геровски (откако и едната и другата партија ми нудеа министерски позиции) – ама јас ја имам таа комоција моето дело да биде меѓународно признаено и ценето, 80% од финансиите за моите македонски филмови да доаѓаат од странство како копродукции и затооа – а и затоа што не врувам во лажни авторитети – нивниот притисок не ми пречи. Само е потврда дека не грешам. Она што сум го постигнал сум го постигнал со личен ангажман и во странство и тука. Иако израснав сам од 14 години, бев најдобар ученик на генерацијата и се изборив за стипендија од универзитетот во Илиноис; моите проефсионални проекти – после долгогодишни обиди – беа поддржани од луѓе на кои не знаев точно ни името да им го напишам.  Златниот лав, номинацијата за Оскар, сите 40-тина награди, вклучувањето на мое дело во најдобри 1.000 филмови било кога снимени, како и сето тоа што моите филмови го направија за оваа држава – сето тоа беше постигнато со објективен напор и талент, а на затоа што сум во наша банда или ваша банда или затоа што одработувам за еден криминалец или друг. Не верувам во племенско здружување во 21 век. Ова не е релативизирање, ами посочување на фактот дека во оваа заедница – за жал – се’уште се живее племенски и тоа само не’ влече кон дното. Нашава племенштина оди рака под рака со примитивност и себичност.

Јас сиве овие години работев за мојата уметност, ама и за мојата татковина – и филмови и изложби и книги и реклами. Не само што сите тие дела се силни уметнички дела, туку тие се и полезни за заедницата. Погледнете ги одново рекламите за македонски туризам, на пример. Има луѓе кои сметаат дека не смееш да работиш за својата држава ако не се они на власт. Нив ги интересира власта, а не заедницата. Ги интересира опресија, а не солидарност.тие сметаат дека државните пари се нивни за они да ги делат. Тие за се’ имаат мислење и секого судат, а најважно е тие да се во центарот на светот, или барем на нивното маало. Не е чесен интелектуалец ниту е чесен човек оној кој се крие зад јавниот интерес, а всушност го интересираат само лични и племенски интереси. Бивши министри со криминално однесување на кои и претседателот им го отепаа, а они немаа доблест да се засрамат и да се повлечат од политиката, или луѓе кои глумеа уредници за да одработуваат за криминалци си го земаат правото да обвинуваат, да судат и да носат луѓе на отстрел како во најубавите сталинистичи времиња. Веројатно се надеваат дека додека викаат по други луѓе, никому нема да му текне да гледа во нивниот криминал.

ЦИВИЛ Медиа: Кои се Вашите следни филмски проекти? Дали подготвувате некој проект овие денови?

МАНЧЕВСКИ: Завршив еден краткометражен експериментален филм, кубанско-американска копродукција, КРАЈОТ НА ВРЕМЕТО, кој веќе играше на десетина фестивали и освојува награди.  Го снимив додека предавав на филмската академија во Хавана, како еден од првите американски уметници кој дојде во Куба уште пред обновувањето на дипломатските односи меѓу Куба и САД. Завршив и долгометражен филм, БИКИНИ МУН, во Њујорк, кој допрва ќе ја има светската премиера. Како што гледате, работам филмови по светот. Додуша, и сите мои претходни македонски филмови беа европски копродукции, во кои учествуваа Британија, Франција, Германија, Италија, Шпанија, Бугарија и Еуроимаж. Една од причините зошто сега воопшто не снимам во Македонија е тоа што тука власта ме стави на црна листа. Ама, иако се промени власта, не очекувам да се промени односот на културниот естаблишмент кон мене. Нивниот однос кон мене (ама и кон други успешни луѓе) не е предизвикан од идеологијата, туку од зависта, од фактот дека не припаѓам на ниту една банда, и од фактот дека го потсеќам културниот естаблишмент на нивната ништожност.

Џабир Дерала

фотографија: Маја Ивановска

Оваа содржина, како и сите други авторски прилози на ЦИВИЛ Медиа се слободни за преобјавување, според лиценцата Creative Commons 1.0.

Tags: Милчо Манчевски
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Претседателката на Република Северна Македонија, проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, вапца јајца (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

    Претседателката вапца јајца

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Неуспехот на Орбан: гледајте ја Унгарија, мислете на Бугарија

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Словенија по изборите: Политички пазари, хибридни закани и рекордна енергетска криза

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ