• Latest

Рауфи: УБК го крие клучниот доказ за Диво Насеље!

September 14, 2017

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Рауфи: УБК го крие клучниот доказ за Диво Насеље!

September 14, 2017 18:12
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По денешните завршни зборови на судењето за „Диво Насеље“, адвокатот Насер Рауфи во  за ЦИВИЛ Медиа зборува за доказите, пропустите и опструкциите во случајот. 

„Очигледно е дека се работи за сценарио на тајните служби, на бившиот директор, раководството, безбедностите структури, УБК, БЈБ, министерката за внатрешни работи… Овој предмет е практично реализиран од тие безбедносни структури, а сè со цел да се дефокусира јавноста“, рече Рауфи.

Потсетувајќи на политичката атмосфера во тој период, Рауфи вели дека, иако целта на бившиот режим била дефокусирање на јавноста, сепак, безбедносните служби морале превентивно да делуваат.

„Мислам дека имаше можност, и мораше безбедносните служби превентивно да дејствуваат. Тие моменти ние ги докажавме. Дури и регионални безбедносни  структури, ги известиле македонските безбедносни структури дека групата влегува на територијата на Република Македонија, меѓутоа, ништо превентивно не е преземено“, истакна Рауфи.

„Практично, целото движење од самиот почеток е снимено со дрон, нивните фотографии се проследени до специјалните единици, што значи дека од самиот почеток се знаело и каде ќе бидат и со какво оружје располагаат. Ние имаме докази дека сите биле запознаени, но ништо не е преземено до моментот кога очигледно требаше да се дефокусира јавноста. Овој настан е практично наместен за целите на бившиот режим… Ние и во завршните зборови се повикуваме на доказите кои ги имаме, па се повикуваме дури и на доказите на самото Jавно обвинителство, од кои произлегува дека самата акција е надвор од полициските правила и позитивните прописи, надвор од Законот за полиција.

Тоа е една стихијна акција, за која ќе мора да се преземе одговорност од раководните структури, бидејќи се пратени млади луѓе, кои, за жал, се убиени без да знаат воопшто каде одат и зошто одат. Испратени се со еден краток брифинг од две-три минути, што не е според правилата. Една таква акција мора да се подготви, а тоа не е направено, па затоа и имаме вакви последици… Јас не сакам да тврдам дека тие последици се посакувани од нашите безбедносни структури, но поради брзината и аматерското постапување, имаме вакви страшни последици“, вели Рауфи за ЦИВИЛ Медиа.

Во завршните зборови на денешното судење, Рауфи ја обвини Управата за безбедност и контраразузнавање дека направила селекција на прислушуваните разговори и сокрила дел од доказите кои се од клучно значење за случајот.

Тој, исто така, посочи дека во овој судски процес се изоставени клучни докази, како разговори со високи политички и полициски структури, за кои самите обвинети признале дека постојат.

Рауфи побара и да се обезбеди телефонски разговор меѓу сега убиениот Мирсад Ндрецај и лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

И ова судско рочиште за Диво Насеље помина со бојкот од дел од обвинетите. Тие посочија дека ќе останат во судница само кога спроти нив, ќе седи обвинител од Специјалното јавно обвинителство и тој ќе постапува во овој случај.

На минатите рочишта, Обвинителството, образложувајќи ги доказите, побара од судот обвинетите да бидат огласени за виновни бидејќи, како што посочи обвинителот Наум Паноски, постојат цврсти докази дека е сторено кривичното дело тероризам, а за висина на казната, Обвинителството остави да одлучи судот.

Судењето продолжува во понеделник со завршен збор на останатите обвинети и нивните бранители.

Во судскиот процес за случајот Диво Насеље, на 37 обвинети им се суди за тероризам и терористичка организација. Во нападите на 9 и 10 мај, 2015 загинаа осуммина припадници на МВР , а околу четириесетина беа повредени.

Насер Рауфи е член и дел од експертскиот тим на Комитетот за заштита на правата, кој во сабота ќе организира конференција на тема „Враќање на одземената правда“, чија цел се реформи на правосудството со кои ќе се елиминира можноста кој било да се обиде масовно да ги крши правата на граѓаните.

Комитетот се залага за ревизија на сите случаи за кои постои сомнеж дека се политички монтирани, како што е случајот Диво Насеље, како и за правата на жртвите на политичкиот прогон.

 

Маја Ивановска
Камера: Дехран Муратов

Tags: БЈБДиво НасељеНасер Рауфисудењесценариотајни службиУБК
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ