• Latest

Четвртиот извештај е доставен до Собранието и до Советот на јавни обвинители!

September 15, 2017

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Четвртиот извештај е доставен до Собранието и до Советот на јавни обвинители!

September 15, 2017 16:35
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Специјалното јавното обвинителство (СЈО) чии обвинители досега преслушале 70 проценти од незаконски прислушуваните разговори, денеска до Собранието и до Советот на јавни обвинители на Република Македонија, го поднесе четвртиот шестмесечен извештај за работата на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и што произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, што го опфаќа периодот од 15 март до 15 септември годинава.

„Поднесени се вкупно 18 обвиненија за 19 предмети против 120 лица за 168 кривични дела. Во текот на извештајниот период, отворени се вкупно 7 нови истражни постапки против вкупно 25 физички, и преземени се истражни дејствија против 4 правни лица. Поаѓајќи првенствено од целта заради која беше формирано Специјалното јавно обвинителство, резултатите од досегашната работа ја потврдуваат сериозноста во истражување и гонење на софистицирана корупција од висок профил, и како таква институција, има капацитет и треба да продолжи да работи и понатаму во Република Македонија. Довербата која преку резултатите од нашата работа успеавме да ја стекнеме, пред сè, кај граѓаните претставува уште една потврда дека СЈО, како институција етаблирана во домашниот правосуден систем, претставува важен институционален механизам“, стои во извештајот на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Според Јанева, СЈО останува и натаму посветено и решително во остварување на целта, откривање на кривичните дела што прооизлегуваат од аферата „Прислушување“, што значи суштински чекор напред во враќање и зачувување на владеењето на правото.

„За работата на ова Јавно обвинителство е многу важно да напоменам дека Апелациониот суд Скопје, одлучувајќи по наша жалба на решение, со кое беа издвоени снимките и беше определено дека истите не може да се користат како доказ во постапката, утврди дека аудио-записите стануваат дел од доказниот материјал и може да се користат како доказ во постапката. Одлуката на Апелациониот суд е исклучително важна и е во согласност и со мислењата на голем број универзитетски професори и правни експерти, кои во свои јавни настапи и излагања, изнесоа свои ставови дека со оглед на специфичната законска надлежност на ова Јавно обвинителство, материјалите кои се поврзани и произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, може да се користат како доказ во постапката“, стои во Извештајот.

„Покрај мојата законска обврска за доставување на овој извештај за активностите на Јавното обвинителство со кое раководам, за изминатиот шестмесечен период во кој се содржани податоци, врз основа на кои може да се цени законитото и професионално работење на ова Јавно обвинителство, цврсто сум убедена дека и овој Извештај ја покажува заложбата за транспарентност, отчетност и одговорност во работењето“, наведува обвинителката Јанева.

Според извештајот, обвинителите на СЈО, досега преслушале 70 проценти од незаконски прислушуваните разговори. Во изминатите шест месеци, потрошени се вкупно 104.414.558,00 денари (1,6 милиони евра) или 45,79% од одобрениот буџет за годинава.

Tags: Европска комисјаКатица ЈаневаобвинетиправдаприслушувањеСЈОсофистициран криминал
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ