„Одлична е новата одлука за покачување на минималната плата, но малку е за нашиот стандард, ако сакаме во Европа треба да се покачи уште повеќе“, одговара еден граѓанин на прашањето од денешната анкета на ЦИВИЛ Медиа, упатено до скопјан(к)и: Што мислат за законот за минимална плата?
Најголемиот дел од граѓан(к)ите сметаат дека е добар потегот на Владата минималната плата да се покачи на 12.000 денари. Но, имаше и граѓани кои сметаат дека оваа одлука нема да успее.
„Нема да биде остварено како што се ветува, сè е кај нас кобајаги. Како да е така, а всушност, на дело е поинаку“, истакна една граѓанка.
Вулнет Махмути
Камера: Дехран Муратов
Монтажа: Маја Ивановска