• Latest

Же суи кандидатка!

September 27, 2017

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Же суи кандидатка!

September 27, 2017 14:08
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Веќе неколку дена следам (кога имам прилика) разни реакции од јавноста, за кандидатите за следниве локални избори. Можам слободно да констатирам дека, освен фактот што слободното и непречено изразување е во подем, што е позитивно до некоја граница, реакциите сепак, и сè уште, се сведуваат на површни анализирања на кандидатите, како и на селективно интересирање за нив.

Пишува: Дијана Тахири

Пред два дена (и) официјално почна предизборната кампања, а со тоа и промовирањето, запознавањето и рекламирањето на и со кандидатите, и претставувањето на нивните заложби. На дебатни емисии, на нивните официјални профили по социјалните мрежи, и во голем дел, по приватните профили на нивните поддржувачи. Интересно е што со години не успеа да се изнајде доволно харизматична личност за да привлече што повеќе гласови. Тоа што некој победува на избори, не значи дека тој некој е и миленик на народот/гласачите, туку дека е од партијата, затоа што речиси секој си има своја партија миленичка. За жал.

Пред неколку години јавноста полуде по Џастин Трудо, премиерот на Канада, кој според мене, е одличен вршител на зададената должност, во глобални рамки (лично немам никакви симпатии, но секако го гледам од друга перспектива), и е огромен, скап проект на канадската Влада, и секако, на нечии други интереси. Е па, кај нас, драги мои, не се инвестира на „глупави работи“, како што е промовирање на државата и државните интереси, со тоа што внимателно ќе се следи и избере одредена личност, па потоа ќе се инвестира во градењето на посакуваниот профил. Кај нас, се инвестира во митинзи, и други работи, а за тие други работи, некој нареден пат.

Денеска, сакав да се осврнам на една кандидатура за градоначалник на Град Скопје, кратко. За градоначалник на Град Скопје, на овие избори се кандидираат две жени. Марија Џонс, од Левица и Нафие Селмани, од Беса.

За кандидирањето на Марија Џонс се дозна инстантно, две минути по најавата за нејзиното кандидирање. За Нафие Селмани, освен во одредени општествени кругови, и тоа многу тесни, сè уште – не. Освен што е запазена како бројка во списокот на кандидати. Нема вест, нема реклама, нема интересирање од медиумите, нема реакции од граѓаните на Град Скопје, ниту по социјалните мрежи. Која е, од каде се појави, зошто токму Беса со кандидат-жена за градоначалник, кога за Беса важи општото мислење дека се премногу верски настроени, меѓу другите работи, па затоа е некако необично што токму тие излегоа со женски предлог за градоначалник.

Од друга страна, на Марија Џонс ѝ се придаде речиси херојска важност на овие избори. Како да е единствената жена кандидат за градоначалник на Град Скопје. На Марија Џонс, исто како на Нафие Селмани, им посакувам малку повеќе среќа во нивното собирање гласови, и ја поздравувам нивната решителност за овој чекор. Затоа што однапред се знае дека овие избори, како и многу други досега, не се прават за интересите на граѓаините, туку исклучително за партиско–политички, стратешки и локално–географски позиционирања, преку кои позиции, партиите ќе можат да си ги реализираат внатрешните агенди, скриени од јавноста. Значи, да не се лажеме дека нешто е сменето, освен на површина.

Што ми беше зборот, Марија Џонс го доби вниманието на јавноста, малку од фактот што му припаѓа на женскиот пол, малку затоа што доаѓа од Левица, и заради нејзиниот прв телевизиски настап во оваа предизборна кампања. Нема да се задржам на содржините на реакциите, затоа што се познати, само ќе посочам дека секаква реакција, било да е позитивна или негативна, е добра, во однос на НУЛА реакцијата, којашто (не) ја доби нејзината опонентка Нафие Селмани.

Дали кандидатката од Беса не го доби вниманието од јавноста заради недоволното интересирање на медиумите, дали заради општото мислење дека ако е од Беса, не вреди да се прави муабет за неа, дали од недоволното (според мене – НУЛА) ангажирање од Беса за промоција и рекламирање на својот кандидат, дали заради сè уште селективното интересирање на јавноста кога се работи за кандидат од албанските партии, затоа што освен Македонец, не може некој друг да биде градоначалник на Град Скопје…?

Јас не би се согласила со ова, туку би посочила на еден друг „феномен“ што ни се провлекува со години, и којшто при здравите очи и разум на еден дел од јавноста, ни го подметнуваат како неминовност, а тоа на овие избори е кандидатурата за градоначалник на Град Скопје на Петре Шилегов. Тоа како автоматски да подразбира дека ако не си од „СеДеСеМе„, на овие избори не си пожелен како кандидат за Град Скопје, затоа што не си работел доволно на „донесување на слободата„ во нашата земја, и ред други (не)донесувања, како што впрочем, се изјасни Шилегов на денот кога кандидатите го потпишуваа Кодексот на изборите, Тогаш, поточно, тој изјави дека на другите кандидати не им посакува среќа. И помина неказнето од јавноста.

За разлика од Марија Џонс, којашто заради нејзиниот природен изглед и незамарање со шминка, крена лавина од реакции во јавноста, што осуда, што во нејзина одбрана… Навистина, ако веќе сакаме уреден и чист град, ред е и кандидатот за истиот град да биде уреден, на пример, да си ја зачешла косата. Најдругарски!

Да се вратам на Нафие Селмани, и да ви кажам дека таа е млада жена, работник, борец за човекови права и за чиста животна средина, мајка-борец, активистка, чесна, и, исто како и Џонс, ги газеше улиците на Скопје, како дел од Шарената револуција. Но, за неа не се дозна, затоа што, како и многу други, не си ги кажа своите маки на микрофон, пред сите демонстранти. А за тоа дали таа се шминка или не, дали е зачешлана или не, ќе треба да проверите. Ако сакате…

Инаку, и Марија и Нафие, пред себеси поставиле преголеми залаци за голтање. Засега.

Среќно!

Tags: БесаГрад СкопјеизборикампањаЛевицаМарија ЏонсНафие СелманиПетре Шилеговповршни анализирањаЏастин Трудо
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ