• Latest
Добро утро со Орданоски

Цезаровиот преврат во ВМРО-ДПМНЕ

September 28, 2017

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
Скриншот од камера во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП)

„Швајцарско сирење“ на македонски начин – рецепт за бегство од правдата

October 16, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Цезаровиот преврат во ВМРО-ДПМНЕ

September 28, 2017 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”35″]Ц[/dropcap]езар беше убиен со 23 убоди од нож. И нема врска што, многу подоцна, Шекспир таа бројка во својот „Јулиус Цезар“, ако добро паметам, ќе ја крене на 33, за да ја претстави целата работа уште подраматична, како 23 дупки во телото да се мал повод за општествена, а особено лична драма! Без оглед на бројот на убодите – впрочем, кај Шекспир, неговата драма е многу повеќе од самото убиство на Цезар – како што е познато, во предавството на славниот римски император учествувале негови најблиски пријатели и соработници – не само Брут и Луциј! – со кои, можеби, според античките римски извори, вечерта пред трагичниот настан самиот Цезар вечерал, со шеги и забава на епикурејски посланата софра…

Се разбира дека е далеку нашиот Груевски од споредбата со еден од најголемите историски оратори и писатели, генијален римски воен стратег и еден од најхаризматичните политичари во историјата на светот – освен во три работи: титулата „доживотен диктатор“, што за живот ја сподели со Цезар; околноста дека обајцата, во своите владејачки заноси, станаа неодминлива пречка за Републиката; и во фактот што, како и кај Цезар, „убодите“ со кои Грујо ќе ја заврши својата политичка кариера ќе му дојдат од најблиските соработници. Не можам сега да претпоставам дали неговиот политички крај ќе биде со крикот „Зарем и ти сине Мартине?!“ или „Зарем и ти сестро Гордана?!“ – или, можеби, само „Па, ти барем не, куме, вчера вечеравме заедно!“ – но јасно ми е дека, откако Грујо ќе биде поразен на локалните избори, ќе следува брзо свикување на некаков партиски собир во ВМРО на кој ќе се изведе внатрепартискиот политички „атентат“ врз, некогаш, Големиот Лидер. Искрено се надевам дека тој чин нема да биде со насилство од чија било страна, со што е преполна историјата на ВМРО од дамнина до денешен ден. Таму, за жал, ни еден лидер не разбра, додека не се извлечат бодежите, дека му е дојден – и веќе заминат – природниот политички крај.

Предлагам собирот да се закаже во Музејот на ВМРО, веднаш до големиот кинески ресторан „Македонски народен театар“ – простете, мене во таа зграда само уште големи лампиони од мрсна хартија ми фалат, за со кичерајските позлати и со распосланите црвени кадифени таписони и тапети навистина да заличи на некоја провинциска Голден Драгон кинеска ресторација – за да се задржи историската паралела за локацијата на ликвидацијата на Цезар, веднаш до римскиот Помпејски театар.

Поучна е историјата на подемот и падот на Цезар. Наполеон подоцна ќе тврди дека не можеш да бидеш генерал ако не ги читаш пишувањата на Цезар, а и марксистот Грамши и фашистот Мусолини на Цезар гледале како на свој политички идеал. Во драмата на Шекспир, пак, глумел атентаторот на Линколн. Нелсон Мандела ја читал во затворската ќелија на островот Робен, а нејзиниот превод на германски бил најден на работната маса на водачот на неуспешниот атентат врз Хитлер, полковникот Клаус фон Штауфенберг.

Прочуена е политички ангажираната театарска продукција на шекспировиот Цезар на славниот Орсон Велс, кој го играл Брут, во 1937 година, во предвечерјето на европскиот триумф на фашизмот во која Цезар бил претставен како Мусолини. А само пред три-четири месеци во Њујорк, една независна театарска продукција го постави „Јулиус Цезар“ во која насловниот лик имаше воздушеста сина тапирана перика на главата, со предолга црвена вратоврска врз стомакот, како твитерџија и со жена чијшто англиски беше говорен со силен словенeчки акцент.

Што би рекол еден од атентаторите, Касиј, врз мртвото тело на Цезар, низ шекспировото перо (и во мој слободен превод, кога веќе проф. Драги Михајловски не стигна до сега): „Во уште колку векови нанапред / ќе се преигрува оваа наша возвишена сцена / во држави неродени и на акценти сè уште непознати!“

Затоа, си мислам, во нашата држава неодамна родена, со акцент сè уште недоволно познат, треба ли јас да им кажувам на локалниве режисерскии величини и театарски продукции дека е дојдено време за македонска современа театарска интерпретација на „Јулиус Цезар“? Кога веќе не се сетија – или не собраа храброст – во времето кога нашиот „доживотен диктатор“ беше на врвот од власта, би можеле сега барем да ни го објаснат своето гледиште за неговиот пад. Никогаш не е доцна, особено ако веќе и онака е предоцна. Да, за Републиката, а не за смртта на Цезар, станува збор.

 

[divide]

Преземање на оваа содржина е дозволена само по 11 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Tags: „Република“атентатБрутвмроГорданаГрамшиГруевскиДраги МихајловскиКасијКлаус фон ШтауфенбергкумЛинколнЛуцијМартинМусолиниНелсон МанделаЊујоркОрсон ВелспревратХитлерЦезарШекспир
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ