• Latest

Градоначалничко кафе – (не) на тераса… ден седми

October 2, 2017
Фото: Креирано со помош на ВИ

Зошто Путин не е подготвен да се сретне со Зеленски, а можеби никогаш и нема да биде

August 20, 2025

24 ЧАСА: Над 13 милиони евра од државата за Бехтел и Енка само во јуни; Додик да го врати дипломатскиот пасош; Сојузници подготвени да испратат војници во Украина

August 20, 2025
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
Израелска армија, единицата „Шалдаг“ (фото извор: IDF)

Израел го одобри планот за окупација на Газа и покрај понудата за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Израел го одобри контроверзниот проект за населба што би можел да го подели Западниот Брег

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Градоначалничко кафе – (не) на тераса… ден седми

October 2, 2017 15:22
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

И оваа година доминираат (како и секогаш досега) мажите како кандидати за градоначалници. А неколкуте жени, кои решија да ја водат битката со „мажјаците“…, граѓан(к)ите наместо да покажат интерес за нивните идеи и проекти, тие се занимаваат со нивното минато, колку била „поштена“ една кандидатка, другата каква фризура имала, третата дали се лакирала, дали има маж или е сингл…

Од друга страна, пак, кандидатите за градоначалници не пропуштаат можност да си ги пофалат сопругите. Демек, граѓан(к)ите треба да им веруваат дека нема да ги изневерат во ветувањата, исто како што тие им се верни на своите сопруги.

Откако започна кампањата, кандидатот за градоначалник на Кисела Вода од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Јохан Тарчуловски, по неколку дена „говорна апстиненција“, реши да прозбори. На средбата со претставниците на ОБСЕ/ОДИХР, тој рече дека нема да им ја исполни желбата, првото кафе како градоначалник да го испие со нив, туку првото кафе ќе го ужива со својата сопруга, Соња.

Паметно од негова страна. Вистинскиот маж така би постапил! Меѓутоа, познавајќи ја Соња, колку несмасно се движи, за да не падне повторно од тераса, убаво би било кафе пиењето да го прават, во некоја затворена просторија.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на митингот во Куманово, прогнозираше дека Максим Димитриевски ќе стане градоначалник уште во првиот круг.

„Верувајте, штом е тука и мојата сопруга, Зорица Заева, и таа сака да биде дел од оваа победничка атмосфера. Има една тажна вест, но не за вас, туку за ‘Груевци’. ВМРО-ДПМНЕ е поделена, ги пакуваат веќе куферите, а во нив е и новата ера и новата далавера“, рече Заев.

Тој пред неколку дена во Дојран се „пофали“ дека со првата девојка, најубавите денови ги поминувал токму таму. Нормално е сега и неговата сопруга да оди со него низ градовите, за да не се пофали повторно дека и во Куманово имал девојка… Тоа е, љубоморни жени, кој да ги разбере. #ИздржиЗаев!

Кандидатот за градоначалник на Скопје од СДСМ, Петре Шилегов, на пазарот во Бутел случајно се сретна со кандидатот за градоначалник на оваа општина од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовки. Шилегов во свој стил, му советуваше на соперникот, дека подобро ќе биде ако тој победи на избори.

„Поштовање, ВМРО, дајте рака поздравете се, мајку му… Народот е убеден дека јас ќе победам и вие убаво знаете, очите ви зборуваат“, му рече Шилегов на Костовски.

На социјалните мрежи се појави фотомонтажа со постер на српскиот пејач, Аца Лукас, како дел од кандидатските листи на ВМРО-ДПМНЕ, со слоганот – „Секогаш работа, секогаш Македонија“. Во контекст на разговорот помеѓу Шилегов и Костовски, кој ќе победи и чии „очи зборуваат“, еве еден рефрен од Лукас: „Упали светло да се гледамо у очи, као у старој дечијој игри, ко ќе дуже моќи, каже да судбину нико не може да спречи, шта ќе нам реќи, очи ќе нам реќи … “

И оваа година, традиционално се одржа манифестацијата „Ашуре“ во населеното место Канатларци кај Прилеп. На настанот, што го одликува долга традиција и историја, присутен беше и актуелниот градоначалник и кандидат за нов мандат од ВМРО-ДПМНЕ, на претстојните локални избори, Марјан Ристески.

Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, прво почнаа со реклами и билборди на албански јазик, сега одат и на муслимански празници, како што е „Ашуре“, а ништо чудно, додека трае изборната кампања, и на некој сунет да присустуваат. За тие пусти гласови, пародија направија од демохристијанската им партија.

Актуелниот градоначалник на Штип и кандидат од ВМРО-ДПМНЕ за повторен мандат, Илчо Захариев, рече дека во време на владеењето на Груевски се изградени неколку големи проекти, што се претставени во „отчетот“ од 500 страници. Ги потенцираше неколкуте изградени улици и автопатишта. Откако ВМРО-ДПМНЕ автопатиштата ги направија рамни и „прецизни“ како писти, Захариев вети дека во Штип ќе изгради и аереродром, само му треба доверба на граѓан(к)ите. А, аеродромот за што ќе биде наменет, за увоз и извоз на мигранти, или…!?

Дехран Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Tags: „Ашуре“ВМРО-ДПМНЕДарко КостовкиЗоран ЗаевИлчо ЗахариевЈохан ТарчуловскикафеМарјан РистескиПетре Шилеговтараса
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ