Со оглед дека Државната изборна комисија ги одби сите поднесени приговори останува финалната листа на 35 општини каде на 29 октомври ќе има прегласување.
Во Боговиње, Брвеница, Бутел, Виница, Врапчиште, Гази Баба, Гостивар, Градско, Дебар, Демир Капија, Пробиштип, Росоман, Долнени, Желино, Зрновци, Јегуновце, Кавадарци, Карбинци, Кисела Вода, Липково, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Новаци, Сарај, Старо Нагоричане, Струга, Студеничани, Теарце, Тетово, Чаир, Чашка, Чешиново – Облешево, Штип и Шуто Оризари ќе се прегласува за кандидати за градоначалници.
Во предвидениот рок ниту еден од листата на кандидати за членови на советите на општините не поднел приговор за постапката на гласање, сумирање и утврдување на резултатит од гласањето на 15 октомври
Во Шуто Оризари кандидатите за градоначалници на СДСМ и СРМ ќе имаат неизвесна битка, за која се очекува да помине овојпат без инцинденти.
Неизвесно ќе биде и во Чаир каде ќе се гласа за кандидати на градоначалници од Беса и ДУИ. Кандидатите за градоначалници од овие две партии во Тетово, Желино, Теарце и Липково ќе имаат можност да се докажуваат во периодот што следува, во зависност од нивното презентирање пред граѓанките и граѓаните во овие општини.
СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ својата борба за општина плус ќе ја водат во Штип, Чешиново-Облешево, Старо Нагоричане, Росоман, Пробиштип, Новаци, Кисела Вода, Македонски Брод, Македонска Каменица, Карбинци, Кавадарци, Јегуновце, Зрновци, Демир Капија, Гратско, Гази Баба, Виница и Бутел.
Кампањата на политичките партии чии кандидати влегуваат во вториот круг продолжува, а очекувањата на јавноста се дека ќе помине мирно и транспарентно, без инциденит и препукувања меѓу опонентите.
Б.Ј.