• Latest

Исполнета дипломатска агенда

October 27, 2017
Кампања на ЦДУ (Wikipedia)

Изборен земјотрес во Мекленбург-Западна Померанија: Алтернатива за Германија прва, социјалдемократите втори, демохристијаните надвор од парламентот

September 21, 2026

Рускиот агресор предизвикува хуманитарна катастрофа во окупираниот дел на Херсонската област, цивили се таргетираат со FPV-дронови

September 20, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Кога се краде како да нема утре, а власта се освојува и одржува со страв, стап и морков

September 20, 2026

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Лудост или заебавање

September 20, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Ова е Хан Соло Џуниор (илустрација: ChatGPT/OpenAI - FRONTLINE.MK)

„Куршлус“ на FRONTLINE: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026
Христијан Мицкоски,   Вашингтон, 19 септември 2026 (фото извор: ФБ профил на Христијан Мицкоски)

Мицкоски од Вашингтон: Повторно големи инвестициски планови и проекти, прашањето за бугарската заедница останува без решение

September 19, 2026
Гласачко место на руските парламентарни избори, септември 2026 (фото извор: KYIV POST)

Избори на по теркот на Путин: Забранета опозиција, притисоци врз гласачи и сомнително електронско гласање

September 19, 2026
Приштина, 18 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Илјадници протестираа во Приштина против пресудата за поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово

September 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Исполнета дипломатска агенда

October 27, 2017 15:08
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Додека трае изборната кампања, македонски претставници речиси секојдневно имаат средби со дипломатски претставници на меѓународната задница.

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, на 25 октомври се сретна со Доналд Туск, првиот човек на Европскиот совет. Фокусот на средбата била европската иднина на Македонија и сè она што го прави земјата, за конечно да добие датум за почетокот на преговорите. Во своето обраќање на официјалната сесија на отворањето на Форумот „Кран Монтана“, Иванов изјави дека очекува Европската унија да покаже решителност и да ѝдаде на Македонија датум за почеток на преговорите за членство. Покрај разговорот за иднината на Македонија во ЕУ, се разговарало и за состојбата во регионот и во ЕУ, како и прашањето со мигрантската криза.

На Осмата конференција на претседатели на парламенти од земјите на Западен Балкан, на покана од претседателот на унгарското национално собрание, ќе се обрати и претседателот на Собранието на Македонија, Талат Џафери. Џафери на конференцијата ќе се обрати на темата „ЕУ интеграции: резултати и аспирации“.

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, вчера беше во работна посета на Брисел. Неговиот кабинет соопшти дека ќе има и средба со белгиската министерка Мари Кристин Маргхем, министерката за енергетика, животна средина и одржлив развој.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, вчера се сретнал со директорот за меѓународни еврејски односи во Американскиот Еврејски Комитет (АЈЦ) , рабинот Ендру Бејкер, соопштуваат од Владината прес-служба.

Премиерот Зоран Заев на средбата со косовскиот министер за надворешни работи, Беџет Пацоли, која беше одржана на 25 октомври, изјави дека Владата на Република Македонија е определена да гради добри односи со Косово, како и со сите соседи, и со тоа да придонесе кон иднината на целиот регион на Западен Балкан, во Европската унија и во НАТО. Договорено е владите на Македонија и на Косово да ги поттикнат бизнис заедниците и коморите за поцврста и поактивна соработка.

Косовскиот министер за надворешни работи Пацоли, изјавил дека Косово ги поддржува НАТО интеграциите на Македонија, кои ќе придонесат кон зацврстување на безбедноста и ќе влијаат на перспективите на целиот регион. Според него, Заев со огромна вештина и достоинство, во Македонија воспоставил едно општество за сите.

Меѓуминистерската група за надгледување на процесот на изработка на стратешките одбранбени документи, на 24 октомври имаше средба со Стивен Гловер, советник за одбрана и безбедност во Министерството за меѓународен развој на Велика Британија. Во составот на групата со која претседава министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, се и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за надворешни работи Никола Димитров, министерот за финансии Драган Тевдовски и министерот за правда, Билен Саљији.

На работниот состанок на директори за младински политики во Талин, Естонија, учествуваше и директорот на Агенцијата за млади и спорт (АСМ) Дарко Каевски. Според АСМ, Каевски ги споделил своите искуства со европските колеги за начинот на кој се одвиваат новите политики за млади во Македонија. На состанокот се одржале и повеќе работилници кои се посветени на младите во Европа, дигиталната ера, како и учеството на младите во процесот на креирање политики и одлучување.

А. П.

Tags: Ѓорѓе ИвановЕУЗоран Заевмеѓународна заедницаНАТОсредбиТалат Џафери
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ