• Latest

Животот во Македонија, мора да почне со живот на родилките и новородените!

October 27, 2017

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
Дуо „Алембик“ (фото извор: ФБ страница на „Алембик“

МУЗИКА ПРОТИВ НАСИЛСТВОТО: Дуото „Алембик“ со голем концерт и нов албум во МКЦ

June 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Животот во Македонија, мора да почне со живот на родилките и новородените!

October 27, 2017 15:35
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Најавениот oд владејачката партија „Живот во Македонија“, мора да започне со стоп на смртноста на родилките и новороденчињата. Рaдикални реформи во здравството треба да бидат императив за властите, колку на централно, толку на локално ниво. Податокот дека на Клиниката за гинекологија минатата година починале 82 новороденчиња за 6 месеци, а од почетокот на годинава до 30 септември 127 новороденчиња, не е само алармантен, туку е потврда дека македонското здравство е во тотален колапс. Простор за алиби нема, по пет месеци нова власт.

Пишува: Моника Талеска

Непристојно и крајно несериозно е што министерот за здравство, Арбен Таравари се вклучи во градоначалничката трка. Да прифатиш да бидеш министер за здравство, а министерувањето единствено да го паметат по кантите за ѓубре и двојазичните патокази во Клинички центар, е повеќе од трагично.

Прашање е зошто воопшто овој доктор прифатил да биде министер на витален ресор, а притоа заборавил дека Хипократовата, не е хипокритова заклетва… Фокусот на Таравари е врз новата градоначалничка фотелја, додека здравството го остава на стенд бај. Така е, кога политиката и премногу ќе замеша прсти во виталните сфери на една држава.

Изборите ќе завршат. Најдобро е Таравари да си го оствари планот, да го ослободи министерското столче, во кое не се снајде ни малку. Зашто, на Македонија, веќе не ѝ е потребен ниту нов бескрупулозен Тодоров, ниту амбициозен и конфузен Таравари.

Македонското здравство има потреба од одговорен кадар, и пред сѐ, совесен и посветен министер, којшто ќе ги засучи ракавите, ќе формира реален тим и ќе почне со работата.

Новиот министер треба да се избори во Владата, ветувањата за зголемени плати на докторите да бидат стварност. А, потоа да ги избере и убеди најквалитетните специјалисти во државата дека му се потребни на јавното здравство. Следно, да ја екипира Гинеколошката клиника во Скопје, а потоа гинеколошките оддели и ординации во секој следен град. Не смее да остане општина без доволен број квалитетни гинеколози, значи не со платени дипломи, туку со проверено знаење, со потврдено искуство, докажани стручњаци кои што се посветени на професијата, на здравјето на жената, мајката, на животот на новороденото…

Не помалку битна улога за намалување на смртноста на мајките и бебињата имаат и „бабиците“, медицинскиот кадар, којшто заедно со гинекологот-акушер го водат раѓањето. Дипломите од „ноќно“ стекнати во времето на раскалашноста од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, треба да им се вратат на овие „бабици“, а нивното место да биде пополнето со едуциран и одговорен медицински кадар.

Доста власта си играше со судбините на мајките родилки, со животите на новородените деца. Доволно семејства се завиени во црно, поради алкохолизирани доктори, поради сестри кои повеќе работното време го трошат на Фејсбук, отколку во болничка соба или во родилниот оддел. Доста ни е од министри кои сакаат да ќарат на тендери, кои провизиите ги заменуваат со човечки животи. Доста ни е од недорастени, неодговорни, млади кадри без одговорност, кои живеат само за партиски и политички функции.

Живот во Македонија ќе има тогаш кога ќе се стават на раководни функции разумни луѓе, кои нема да се менуваат, зашто така бара коалицискиот договор. Бараме живот за сите, во секој град, живот во вистинска смисла на зборот.

Кампањите ќе завршат, а потоа преземете ја одговорноста!

Доста е!

 

Tags: бебињагинекологЖивот за ситеминистер за здравствоновородениреформисмртностТаравари
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ