• Latest

ОДИХР: Слободни избори и покрај забелешките кон ДИК

October 30, 2017

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ОДИХР: Слободни избори и покрај забелешките кон ДИК

October 30, 2017 17:48
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вториот круг од локалните избори во Македонија, според извештајот на ОБСЕ/ОДИХР, беше конкурентен, но не изостана почитувањето на основните слободи кон спроведување на демократски избори.

Според ОДИХР, медиумите и во вториот круг обезбедија избалансирано покривање на натпреварувачите, иако беше засенето од негативното рекламирање на кампањата.

Во соопштението се наведува дека и покрај недоволните одредби за обука на вработените во избирачките места, денот на изборите беше професионално управуван во целост. Владејачката коалиција го одобри гласачкиот изборен процес, додека главните опозициски партии изјавија дека нема да ги признаат резултатите, наведувајќи ги наводно раширените повреди пред и на денот на изборите.

“Партиите се бореа за поддршка надвор од нивните традиционални основи за поддршка, иако повремено користеа агресивна реторика и имаше извештаи за изолирани инциденти на злоупотреба на државните ресурси и за купување гласови”, рече амбасадорот Одри Гловер, шеф на набљудувачката мисија за избори на ОДИХР, на денешната прес конференција, додавајќи дека почитувањето на основните слободи е причина за спроведување на демократски избори.

Шеесет и осум кандидати од осум партии, како и двајца независни, што учествуваа во вториот круг во 35 општини, според нивниот извештај, ги редизајнирале своите кампањи за насочување на неопределените гласачи.

Амбасадорката Гловер ја пренесе и загриженоста дека ваквите кампањи потсетуваат на проблемите во доменот на одвојување на партиите од државата, нешто што ЦИВИЛ го посочи уште на самиот почеток на кампањата.

“Правната рамка претставува здрава основа за спроведување на демократски избори. Иако повеќето одредби од Изборниот законик се применуваа за вториот круг, истиот не ги одредува и регулира јасно одредени аспекти од изборниот процес”, додаде амбасадорката Гловер.

” И покрај тоа што Државната изборна комисија ја зголеми транспарентноста на својата работа помеѓу двата круга, сепак, немаше соодветен план за дополнителна обука, едукација на гласачите и финансиска поддршка за општините чии буџетски сметки беа блокирани. Сепак, комисиите за избирачките места, генерално, добро напредуваа денот на изборите “, беше заклучокот на ОДИХР.

Забелешки беа упатени и до системот на обработка на приговорите, што според ОДИХР бил централизиран. На тоа укажува одбивањето на сите 46 приговори што беа разгледани по првиот круг.

Критики беа упатени и до законот кој не  предвидува ажурирање на избирачките списоци помеѓу круговите, со што се врши ефикасно обесхрабрување на гласачите кои наполниле 18 години во овој период.

Б. Ј.

Tags: ДИКизвештајлокални избориОБСЕ/ОДИХРОдри ГловерЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ