• Latest

Селмани: Слободата на изразување е суштината на демократијата

November 3, 2017

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Селмани: Слободата на изразување е суштината на демократијата

November 3, 2017 16:11
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Насер Селмани, претседател на Здружението на новинари на Македонија, во интервју за ЦИВИЛ Медиа, компаративно ја инкорпорира улогата на слободата на изразување, медиумската слобода и активизмот во контекст на промените на политичката сцена во Македонија.

Со Селмани разговаравме и на тема притисоци и закани на центрите на моќ и начинот на справување, лично, но и како дел од ЗНМ, како и за препораките како да се одбранат овие придобивки на едно демократско општество.

На почетокот тој истакна дека слободата на изразување и медиумската слобода се суштината на едно демократско општество.

„Во сите земји со нефункционална демократија, не случајно, прв индикатор е отсуството на слободата на изразување“, истакна Селмани за кого таа претставува една креативна сила за едно општество да дојде до израз, а власта да се однесува одговорно.

На прашањето за начинот на кој ги поддржуваат и промовираат слободата на изразување, медиумската слобода и активизмот, Селмани истакна, дека колку и да звучи нескромно, ЗНМ е всушност промотор на медиумската слобода и секогаш како здружение се залагаат за општото добро.

Што се однесува до притисоците од политичките и бизнис центри на моќ, Селмани се наврати на периодот пред промените на политичката сцена. За претходната власт, нагласи дека ги исцрпеле сите можни механизми за притисок и закани.

„Ако сака некој да ги искористи сите механизми на државата за да ни врши притисок, закани, да не тужи, со тепање, со убивање, ние ништо не можеме да направиме, бидејќи сме многу слаби во однос на целиот тој државен механизам кој може ако сака да ни наштети“, изјави Селмани.

Една од препораките е да се создаде амбиент во кој слободата на изразување ќе биде нешто нормално без луѓето да имаат страв дека ќе има последици од тоа. Исто така, Селмани нагласи дека нападите на новинарите треба да се сфатат на сериозен начин и да се решаваат навремено.

Биљана Јордановска
Камера: Дехран Муратов


Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.

 

Tags: @активизамЗНМмедиумска слободаНасер Селманипритисоцислобода на изразување
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ