• Latest
Добро утро со Орданоски

Комесарот Хан, 137-ми пат

November 14, 2017
Претседателката на Република Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

ОДГОВОР БЕЗ ОДГОВОР: Кабинетот на Сиљановска-Давкова избегнува да одговори конкретно на прашања за шпионската афера, кабинетот на премиерот и понатаму молчи

June 16, 2026

Андонов прв ја отвори можноста за референдум за уставните измени

June 16, 2026

Граѓански форум: Длабока недоверба кон политичките партии

June 16, 2026
Илустрација ВИ

Мировниот договор меѓу САД и Иран ја намали цената на нафтата, но неизвесноста останува

June 15, 2026
Фотографија: Платфрома Х, Н..Е. Лариса Дир, амбасадорка на Украина во Северна Македонија

Нови жестоки напади врз Украина: Загинати и повредени во Кијив, оштетена Кијево-Печерската лавра и уништено студиото „Довженко“

June 15, 2026
Скопски безбедносен форум 2026(Фотографија: ЦИВИЛ Медиа)

Безбедносен форум Скопје 2026: Западен Балкан како архитект на стабилноста во новата безбедносна реалност

June 15, 2026

(РАЗОТКРИВАЊЕ) Дезинформациите за „био-лабораториите“ во Украина: Како се шири лагата во САД

June 15, 2026

Постојаното враќање на лагата за „био-лабораториите“: Како Русија ја рециклира дезинформацијата за да ја изобличи реалноста

June 14, 2026
Марјан Забрчанец (фото: ЦИВИЛ)

Забрчанец: Транспарентноста не носи гласови на избори, но испорачува европски стандарди и подобри услуги за граѓаните

June 14, 2026

Слово за идентитетот

June 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Комесарот Хан, 137-ми пат

November 14, 2017 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]А[/dropcap]ко не сум заборавил да го читам речникот на дипломатските гестови и значења-меѓу-редови – со тек на време, дали заради годините или заради километражата, станав некако мрзоволен да ги толкувам нивните дипломатски тегавења и пренемагања – посетата на еврокомесарот Хан идната недела во Скопје ќе има една главна задача: да ги смири малку критиките кон Владата на Заев кои во секојдневни топовски салви доаѓаат од семожни експертските и невладините кругови, а се однесуваат на благото разочарување кај профукционираната македонска јавност од досегашните не толку „работни резултати“, колку насоката по која се движи новата власт.

(Патем, Хан ќе се распраша и до каде се реформите во ДПМНЕ, ќе ѕирне и до каде е Грујо со оставката, ама тоа онака, секундарно.)

Сакам да кажам, нема никаква смисла неделава на гости кај Хан да одат Османи и Димитров, а тој идната недела да ни се истовари во Скопје, освен затоа што им подлегнал на молбите на нашиве двајца високи надворешно-политички „суртуци“: „Аман, друже Хан, спасувај, цела Македонија чека Рим да го изградиме за седум дена!“

Сега Хан убаво ќе ни објасни, на англиски со австриски акцент, дека реформите се важни, но уште поважна е стабилноста што ќе треба да ја произведеме и да ја сочуваме барем до средината на идната година, до кога се очекува исполнувањето на големите задачи од македонската евро-атлантска агенда. Значи, побрзајте полека, ама не нагло, но и не многу споро, иако не пребрзо, за да не се шинете во грбот или да си го истегнете вратот наместо шијата… Мислам, така некако.

Бидејќи премиерот ни е, главно, на пат во странство, сега се гледа колку би било добро да имавме и претседател на државата. Да имавме претседател, ќе превземеше нешто од меѓународните ангажмани на Заев, човекот да може нешто и по дома да развати, некој прав да забрише, некој министер да испердаши. Вака, ќе мора Заев сам да нѐ внесе во ЕУ и НАТО.

Тој зафат на Заев, како што се одвиваат работите, и ќе му успее. Не паметам околу случајот на Македонија да имало толку позитивна меѓународна енергија! Да не е Вучиќ, Русите сами би биле отспротива. Всушност, јас ако се прашувам, Русите сѐ уште можат да ни ја расипат нашата евро-атлантска забава и тоа не со своите постапки во Македонија – туку во Грција.

Малкумина во Скопје се занимаваат со или го разбираат руското влијание кај нашиот јужен сосед, а тоа е многу поголемо и пораспространето отколку кај нас. Почни од Грчката црква, преку традиционалните левичарски идеолошки и други влијанија, до големите руски бизнис интереси и кај грчката десница, па до хистеричните популистички и прото-фашистички еленистички кругови, не знаеш до кои сѐ нивоа и до чии сѐ кабинети и приватни сметки е стигната руската „бургија“. Можам само да замислам колку милијарди руски и пара-руски пари се испрани низ грчкиот бизнис со банкротот!

Затоа и си велам дека Хан ќе треба да го дочекаме учтиво, стрпливо и без псовки на средбите со него. Ќе се правиме дека ја разбираме неговата посветеност и дека сме уште подготвени да го толерираме нашиот продолжен „лет во место“, заради завршување на „големата приказна“…

И, да не заборавам: еден пријател ми вели дека жена му толку му се погодила, што се мисли да си земе уште една. Ова нема врска со Хан.

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 12 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Tags: ГрцијаЕУЗоран ЗаевЈоханес ХанНАТОРусија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ