• Latest

Знае ли Иванов дека режимот падна?

December 3, 2017

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

June 4, 2026

Вучиќ ќе отпатува на самитот во Тиват и покрај предупредувањата за висок безбедносен ризик

June 4, 2026
Фото: Wikimedia commons

Европскиот парламент бара забрзани реформи и политички консензус за продолжување на евроинтеграциите на Северна Македонија

June 4, 2026

Ревизија во Академијата за судии и обвинители: Незаконски исплати, спорни набавки и пропусти во испитниот систем

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Знае ли Иванов дека режимот падна?

December 3, 2017 15:18
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Узурпаторот на претседателската функција во оваа земја, Ѓорге Иванов, веќе одамна не може да се крие зад гротеската и несмасноста. Неговиот последен атак на слободата на изразувањето се гледа и низ реакцијата на насловната страница на „Слободен печат“ на која со фотомонтажа се споени настанот на доделување орден (со вметната свастика) на Дурловски со вистинска крвава сцена од нападот врз Собранието од 27 април.

Пишува: Џабир Дерала

Иако наивно на прв поглед, неговата реакција е добро осмислен потег кој зборува за подмолен човек, опкружен со исто такви луѓе. Овој навидум глупав натрапник во претседателската палата добро знае дека ова е уште една злоупотреба на демократските придобивки, толку тешко стекнати и неосвоени до крај. Тој е свесен дека мора постојано да прави некаков шум, за да ја качи цената на својата политички изрешетана фигура. Па затоа одбира да удри и по слободата на изразувањето, онаа што 11 години беше ставена под чизма. Во својата реакција, Иванов или кој веќе му ја пишувал реакцијата, оди во лични напади и дисквалификации, па отворено го навредува и клевети главниот уредник Героски, но и целата јавност. Дрско и арогантно, како и секогаш.

Повеќе пати сме прашале „Кој ќе му каже на Иванов дека треба да се симне од функцијата?“ Денеска можеби треба прашаме „Знае ли Иванов дека режимот падна? Знае ли дека неговите газди, на кои тој сѐ уште верно им служи, секој ден се сѐ поблиску до Шутка?“ И во моментов, додека чкрта со забите читајќи го ова четиво, тој можеби сѐ уште се обидува фанатично да верува дека во сиот сјај и триумф ќе се вратат оние што му подарија десет години удобен живот и грубо си поиграа со функцијата претседател на државата. Но, реалноста ги пробива дебелите ѕидови на неговата умисленост…

Тоа е претседателот на кој американскиот претседател Обама му намигнал (не е потврдено), а тој се фалеше дома со тоа како со триумфален дипломатски настан. Тој ни приреди незаборавни моменти кога со урнебесна смеа ги слушавме неговите споредби на македонската демократија со космо-диск, заклучуваше дека нема ништо поуспешно од успех и на децата им објаснуваше дека, ете, кога и тој може да стане претседател…

Но, зад несмасноста се крие крајна ароганција. Сите се смеевме кога „филозофски“ констатираше дека после декември иде јануари, мислејќи на црниот понеделник на 24 декември 2012 година. Освен што е глупава, оваа изјава е израз на неговата поддршка на насилството врз пратениците и новинарите. Тој искажа безрезервна поддршка и за крвничкиот напад на Собранието, терористичка завера која се комбинирала и со план за воведување воена состојба. И на денот кој ќе остане запаметен по приведувањето и изрекувањето притвор на напаѓачите од 27 април, Иванов повторно излезе со поддршка. Кратка, дур да трепнеш, но јасна поддршка.

Иванов ја посрамоти Македонија безброј пати. Ја посрамоти својата професура, а најмногу газеше на демократијата. И ништо друго да не направеше или кажеше, повеќе од доволно е да се запомни аболицијата на осомничените во предметите на СЈО, што беше директен повод за почетокот на Шарената Револуција. По што режимот падна. Пак ќе прашам, знае ли за тоа човекот познат по прекарот Фикус?

Неговиот тап и збунет поглед, кој најчесто оди со полуотворената уста, не се повеќе гаранција дека тој не знае што прави. Очигледно, добро знае што прави. Можеби не ја води играта, но многу послушно и понекогаш успешно ја игра. Без оглед на краткотрајноста на ефектите од неговите дворски игри, тие секогаш се покажаа како погубни по демократијата, правдата и слободата за која сѐ уште мора да се бориме.

Јас не би ни разговарал, а уште помалку би преговарал со него и со таквите како него, бидејќи институцијата Претседател е во конфликт со ликот и неделата на Иванов. Не е непочитување и навреда на институцијата претседател ако тој жестоко се критикува. Напротив, тоа е одбрана на институцијата претседател од недостоинствени натрапници кои ја злоупотребуваат функцијата. Да се зборува за почит кон институцијата претседател во контекст на Иванов е како во јавна куќа да зборувате за морал и верност.


објавено во Плусинфо и Слободен печат (4/12/2017)

Tags: Бранко ГероскиЃорге Ивановмедиумски слободиНикола Груевскислобода на изразувањето
Share224TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ