• Latest

Патриотобрани или Грујобрани!?

December 4, 2017
Приштина, 18 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Илјадници протестираа во Приштина против пресудата за поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово

September 18, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан: Тирана, Приштина, Подгорица и Скопје сега, а Белград и Сараево по изборите

September 18, 2026

Србија протера истражувач за слобода на медиумите: Меѓународните организации алармираат

September 18, 2026

СВЕТОТ ДЕНЕСКА: Ескалација на Блискиот Исток, жестоки битки во Украина и климатски катастрофи во Европа

September 18, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Единаесеттиот човек

September 18, 2026
Александар Вучиќ (фото: www.predsednik.rs)

Вучиќ во Украина на самитот Карпатска иницијатива: Белград меѓу поддршката за територијалниот интегритет на Украина и одбивањето санкции против Русија

September 18, 2026

Вештачката интелигенција и цената на сензационализмот

September 18, 2026
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен

September 17, 2026

Запоришката атомска електрана под руска окупација: Нуклеарна уцена и опасен преседан за светот

September 17, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски во САД, 17 септември 2026 (фото: ФБ профил на Премиерот)

(ВИДЕО) Што ќе ни донесе Мицкоски од Америка?

September 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Патриотобрани или Грујобрани!?

December 4, 2017 15:51
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

„Ликови што биле икони тонат со причина, беа херои сега ги викаат само п…ња. Никогаш нема да се врати времето што било кога летаа малку, а сега секој е свој пилот“…  Оваа реченица од песната „Надвор“ на Тони Зен, деновиве ми се врти во главата гледајќи го лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, како цела недела речиси сам протестира надвор на ладново време, пред Министерство за правда, затворот во Шутка, пред Влада… Тоа е, сега „дојде живот“, секој може да си го искаже револтот, на улица!

Пишува: Дехран Муратов

Некогашниот моќен водач, во кого членовите на неговата партија и неговите симпатизери (користољупци) се крстеа и му палеа свеќа како на светец, кога никој не помислуваше чешмичка да направи (сруши) без негов амин, одеднаш, речиси преку ноќ ја изгуби моќта и стана обичен смртник, (осомничен политичар) граѓанин.

Вчера додека протестираа стотината поддржувачи пред Владата скандирајќи „Никола нема оставка“ сликата беше тажна. Веројатно Груевски, да знаеше дека нема да ужива во барокната владина палата, пред (решетките) оградата што ја постави како штит, ќе направеше топлотна улица, надстрешници, ќе поставеше на секој метар по некоја греалка за да не му мрзнат патриотобраните, односно Грујобраните!

Во изминатите денови  бевме сведоци  дека цело време бледо ги копираат методите на демонстрантите коишто протестираа против режимот на Груевски, и не би ме зачудило во недостаток на скандирање некој вчера да извикуваше – „Ружна ви е владата“!

Говорот на Груевски беше за очекување, тажен, без емоции, ладен… Меѓутоа изненадувачки за мене (како нечиј син), е говорот на Зорица Чавкова, ќерката на приведениот, Митко Чавков. Таа имаше очаен говор, односно – читање.

(Чита) „Се гордеам со моето презиме“, (чита) Мојот татко не е терорист“ (чита од ливчето). „Не се терористи ниту неговите колеги… (го крева напишаното ливче поубаво да прочита) „Не се терористи ниту Дурловски, Дамовски, Илиевски… го знам тоа јас, го знаете тоа и вие“… (завршува со читање)!

Сериозно, зарем  мора да чита дека се гордее со своето презиме и дека татко и не е терорист?! Зарем и самата не верува во тоа што го зборува, па мора да прочита да не се збуни нешто…?

Во моментов политичките случувања станаа тренд во  нашата држава и граѓан(к)ите повеќе се „палат“ на апсењата, отколку на разголените фотки на Кардашијан или стомачните на Роналдо… Меѓутоа, мислам  дека политичките опоненти сепак ќе мора да почекаат да згасне „брендот“ Груевски.

Tags: „Грујобрани“владаМитко ЧавковНикола ГруевскиПротест
Share26TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ