• Latest
Горан Гаврилов, Канал 77/ Фото: Г. Наумовски, ЦИВИЛ

Гаврилов: Клиент број еден на медиумот е публиката

December 5, 2017
Фото: Скриншот од видео на DW

Седуммина милитанти на Ал Шабаб облечени како војници упаднале во сомалиски затвор, владата тврди дека сите се убиени

October 5, 2025
Фото: Креирано со помпш на ВИ

Од Мароко до Мадагаскар, генерацијата Z го пренесува дигиталниот бунт на улица – каде сме ние?

October 5, 2025
Демонстрантите се соочуваат со агенти на ICE во Чикаго, Илиноис Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп одобри распоредување на 300 војници на Националната гарда во Чикаго, федерален судија привремено го блокира распоредувањето на 200 војници во Портланд

October 5, 2025
Индустрискиот парк „Спароу“ во Лвив е во пламен по рускиот масовен напад. 5 октомври 2025 година. Фото: Андриј Садови/Телеграм

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Во масивен напад со 500 беспилотни летала и над 50 ракети врз Украина загинаа 5 лица, 16 повредени

October 5, 2025

Радев се заблагодари на Сиљановска Давкова за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија и понудената помош

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Сирија ги одржува првите избори по падот на Асад, но не во сите провинции

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на Times News

Нетанјаху се надева на ослободување на заложниците во Газа во „наредните денови“

October 5, 2025
Поглед од воздух на аеродромот Вилнус, Литванија, на 17 октомври 2011 година. Фото: Треворт Моргондонт/Викимедија Комонс

Аеродромот Вилнус во Литванија беше затворен поради нарушување на воздушниот простор

October 5, 2025
Антивладините демонстранти се обидоа да ја нападнат претседателската палата. Фото: ВВС

Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Чешката популистичка партија АНО на поранешниот премиер Бабиш победи на парламентарните избори, загрозена помошта за Украина

October 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Гаврилов: Клиент број еден на медиумот е публиката

December 5, 2017 16:05
in ОПШТЕСТВО
Горан Гаврилов, Канал 77/ Фото: Г. Наумовски, ЦИВИЛ

Горан Гаврилов, Канал 77/ Фото: Г. Наумовски, ЦИВИЛ

Share on FacebookShare on Twitter

Во интервју за ЦИВИЛ Медиа, сопственикот на Канал 77 Горан Гаврилов, зборува за слободата на изразување медиумските слободи и активизмот.

ЦИВИЛ Медиа: Што за вас претставуваат слободата на изразување, медиумските слободи и активизмот?

Гаврилов: Слободата на изразување, слободата на говорот се базични слободи коишто се гарантирани во Република Македонија и со Уставот, и неформално ние сите бараме и тежнееме кон тоа да ја имаме таа слобода. Но, за жал слободата на изразување беше ограничена во последните десет години бидејќи административниот притисок, државниот притисок и притисокот од извршната власт ја ограничуваше таа слобода. Можам да кажам дека ние самите моравме да се избориме за слободата на говорот, но таа не е секогаш гарантирана. Таа борба мора да продолжи до крај. Секоја власт тежнее кон тоа да ја ограничи слободата на говорот и слободата на мислењето, но ние како медиуми мораме да и овозможиме на јавноста тоа да се случи. Слободата зависи од многу фактори, економски чинители, коишто не ни даваат доволен извор на средства, пазарни услови и слично. Државата декларативно се залага, но, не може да обезбеди фер услови за сите чинители во слободата на изразување, граѓанските организации немаат пристап до медиумскиот простор, а медиумите се едни и единствени коишто можат да обезбедат слободата на говор да се шири во јавноста. Индивидуата може да има слобода на говор, но е ограничена. Таа се базира на еден мал тесен простор во неговата околна средина, во неговото семејство итн.  Некогаш и таа слобода беше ограничена, кога луѓето шепотеа, да не ги слушне некој, да не ги прислушува. Сега, таа слобода мора да ја плати некој. Ние медиумите сакаме да ја пружиме таа слобода, но сепак мораме да имаме средства и извори коишто гарантираат дека слободата на говор, преку платите на новинарите и другите медиумски работници ќе функционира.

ЦИВИЛ Медиа: На кој начин ги поддржувате или можете да ги поддржите слободата на изразување и медиумските слободи воопшто?

Гаврилов: Тоа најнапред зависи од политиката на самата редакција, а можам да кажам и од сопственикот. Тие бизнис релации, клиентелизмот којшто беше многу зајакнат изминатите години не стави во ситуација корупцијата која во минатото беше насочена кон уредниците и новинарите се пренасочи кон сопствениците. Сопствениците намерно ја ограничуваат таа слобода на изразување затоа што бизнис релациите и клиентелизмот кон извршната власт беа посилни од слободата на говорот.

Вистинскиот професионализам е дека клиент број еден на медиумот е публиката. Доколку тоа го сфатиме, дека тој ни е најважен на свет, ќе сфатиме дека клиентот публика носи клиент огласувач, а клиентот огласувач носи пари. Таа формула кај нас се уште не важи, бидејќи клиент број еден во минатото беше владата и политичките субјекти. Така што јавноста беше исклучена. Мојата поддршка како управител и како дел од редакцијата на Канал 77 е дека ние остануваме на нашиот главен клиент – публиката. Тоа е нашата главна поддршка.

Втор клиент ни се независните непрофитни организации во секторот коишто ја претставуваат граѓанската слобода и говор и коишто ние им пружаме простор и релација за во секое време имаат соработка со нас. Секако дека овие проекти за слобода на говор се поддржани и од нашата и од меѓународната заедница, што треба исклучително да се цени, затоа што ако не се тие ние повторно ќе се вратиме на економската база, а слободата на говор ќе исчезне. Нашето општество се уште не е спремно без финансии и самоиницијативно тоа да го прави, и тоа да се цени.  Ние се уште имаме некој ментален склоп дека некој друг треба да го направи тоа за нас. Ние чекаме, ние бараме, ние зборуваме по кафеани, но не на улица, не на медиуми и не пред камера.

Меѓутоа, мојата единствена цел е да се подигне нивото на општествена одговорност, на слобода на говор, да се едуцира јавноста, им се дава право на слободен говор, без притоа да се чувствуваат дека ќе бидат санкционирани поради тоа.

ЦИВИЛ Медиа: Како сопственик на медиум, дали досега сте се соочувале со притисоци од политичките и бизнис центрите на моќта и како се справувате со истите?

Гаврилов: Па можам да кажам дека Канал 77, 10 години континуирано имаше притисок, почнувајќи од оземање на лиценца од регулаторното тело, кое што заврши со ад-хок тело, кое што заврши како предмет на спогодба во Пржинскиот договор, којшто директно беше насочен кон слободните медиуми, да им се одземе правото на работа.

Втор притисок беше извршната власт којашто имаше една дефиниција општо позната, банална, ако не си со нас си против нас, каде што имавме ние финансова полиција, па се’ до притвори. Тоа апсолутно не ми значеше ништо, во однос на главната цел да се постигне, бидејќи ако ја гледаме малку визијата три чекора напред дека тоа ќе помине, дека тоа е неодржливо, што се докажа за овие 10 години, дека таа неодржливост ќе падне и дека правдата секогаш победува. Но ние на Балканот мислиме дека тоа е недостижно, дека е илузија, утопија, и нема зошто да се надеваме на такво нешто. Сега е на ред вистината, ако тоа се случи, да правдата победи, сите оние кои што беа во служба на извршната власт и ограничуваа права и слободи и правеа свој паралелен систем на медиуми што за жал следам после 3 месеци од промена на власта, уште опстојуваат, имаат финансии  од непознати извори, и тоа не заврши со темелна медиумска реформа и да се уништат сите тие центри на моќ од деведесетите, кои што беа главни клиенти на извршната власт, а не да стане новата власт нов клиент, тогаш е навистина утопија.

ЦИВИЛ Медиа: Кои се вашите препораки во контекст на борбата за слобода на медиумите?

Гаврилов: Главно оружје на еден медиум е јавноста.  Не постои друг клиент, сите останати се слаби. Бидејќи сите пробаа да се договорат, да пратат порака, да ограничат, но ако ја ставите јавноста против нив никој не ти може ништо. Затоа, препораката до сите медиуми, па и граѓани е да ја користат е да ја користат јавноста, јавниот збор. Масата од 2 милиони луѓе е повеќе од извршната власт од 2000 луѓе и затоа нашето оружје е помоќно. Секако дека тоа нема да биде фер борба, бидејќи тие поседуваат финансии  и апарат, ние не поседуваме такво нешто, но демократијата секогаш победува  и затоа не смееме да очајуваме дека тоа е залудно потрошено време и пари. Мислам дека последниот пример како Шарената револуција покажа дека улицата може да победи над правото и да дојде правдата. Но, тоа е исклучителен момент, ние како правна држава мора да бидеме дел од европското семејство каде што функционираат сите елементи на правната држава, и медиумите се главен и основен стожер на четврта власт и регулација на првите три, односно мониторинг, и наша работа е да укажеме преку јавноста кои се девијациите во првите три власти, за да може обинителството да си ја врши својата работа. За жал, минатите години ние објавивме ние многу стории за девијации, но немавме обвинител.  Имавме партнер клиент на извршната власт. Да речеме дека тоа се промени и пораката треба да стигне и до самите институции, но и до новата политичка елита во Република Македонија.

Маја Ивановска
Камера: Биљана Јордановска
Фотографија: Горан Наумовски


Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: @активизамГоран ГавриловдржаваКанал 77Медиумимедиумски слободипубликаслобода на изразувањесопственик
Share35Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    151 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ