Одлуката за екстрадиција на поранешните началници во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Горан Грујевски и Никола Бошковски, Судот во Солун ќе ја соопшти идната среда.
Покрај комплетната документација испорачана од Македонија, Судот вчера го ислушал и исказот на нивниот адвокат Петар Василев, кој тврди дека делата за кои се обвиниети двајцата поранешни разузнавачи се спротивни на многу закони во Македонија и Грција. Според него, судот треба да ја одбие екстрадиција бидејќи стравува дека во македонија ќе немаат фер судење и оти нивните животи ќе бидат под закана.
Судот треба да ја донесе одлуката, откако на рочиштето ќе ја сослуша и сопругата на Грујевски, која е предложена како сведок во негова одбрана.
Рочишето вчера беше затворено за јавност, по барање на еден од нивните адвокати.
Грујевски и Бошковски се во притвор во затвор во близина на Солун. На двајцата во Солунскиот суд им се суди и за фалсификуваните пасоши со кои беа фатени на 18 октомври годинава на аеродромот во Солун, кога се обидоа да заминат за Будимпешта.
Последното рочиште за лажните пасоши на 1 декември не се одржа бидејќи не беше присутен еден од останатите обвинети, кој исто така бил заедно со Грујевски и Бошкоски. Ова судење е одложено за 17 мај 2018 година.
Судењето за лажните пасоши е одвоено од постапката за нивна екстрадиција.
Инаку, двајцата во меѓувреме поднеле и барање за политички азил во Грција.
Грујевски и Бошковски, кои се обвинети од СЈО за предметот „Тврдина и Таргет“, беа уапсени од грчката полиција на аеродромот во Солун на 18 октомври, при обид со лажни бугарски пасоши да заминат со авион за Будимпешта.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.