МВР објави дека Со меѓународна потерница на Интерпол, во врска со нападот на Собранието на 27 април 2017, за делото „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ се бараат Никола Митревски – Кољо, Александар Василевски – Нинџа, Младен Додески, Деан Давидовски и Митре Питроповски.
Судот им определи мерка притвор во отсуство, а кога ќе бидат пронајдени, ќе бидат спроведени во Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари.
Александар Василевски, од татко Митре, мајка Мирјана, роден 07.02.1980 година во Скопје, каде и живее на ул: „Трифун Хаџијанев“,бр.1-1, се бара со број на наредба КО бр.66/17 издадена од ОЈО Скопје за сторено К.Д. по член „313“ од КЗ на РМ.Дејан Давидовски, од татко Стоимен, мајка Нада, роден 26.12.1980 година во Скопје, каде и живее на ул: „1“,бр.113, Илинден се бара со број на наредба КО бр.66/17 издадена од ОЈО Скопје за сторено К.Д. по член „313“ од КЗ на РМ.Митре Питроповски, од татко Гоче, мајка Олга роден 05.06.1979 година во Скопје, каде и живее на ул: „Ташко Караџа“,бр.20/2-11, се бара со број на наредба КО бр.66/17 издадена од ОЈО Скопје за сторено К.Д. по член „313“ од КЗ на РМ.Никола Митревски, од мајка Славица, роден 27.03.1983 година во Скопје, каде и живее на ул: „Вамбел“,бр.5/1-4, се бара со број на наредба КО бр.66/17 издадена од ОЈО Скопје за сторено К.Д. по член „313“ од КЗ на РМ.Младен Додевски, од татко Бошко, мајка Магда, роден 22.03.1987 година во Скопје, каде и живее на ул: „Бапчор“,бр.6-6, се бара со број на наредба КО бр.66/17 издадена од ОЈО Скопје за сторено К.Д. по член „313“ од КЗ на РМ.