МВР објави дека Со меѓународна потерница на Интерпол, во врска со нападот на Собранието на 27 април 2017, за делото „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ се бараат Никола Митревски – Кољо, Александар Василевски – Нинџа, Младен Додески, Деан Давидовски и Митре Питроповски.
Судот им определи мерка притвор во отсуство, а кога ќе бидат пронајдени, ќе бидат спроведени во Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари.