• Latest
Добро утро со Орданоски

Јаваш, бејефенди Ердоган!

January 11, 2018

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски (фото извор: МДТ)

Денеска се промовира проектот „Везилка“: Центар за вештачка интелигенција вреден 6 милиони евра

June 24, 2026
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Јаваш, бејефенди Ердоган!

January 11, 2018 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]Е[/dropcap]дна вест од претпоследниот ден во минатата година помина речиси незабележана: „Турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП) на претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, ќе отвори свои претставништва во Македонија, Босна и Херцеговина, Велика Британија, Германија, Русија, САД и Франција, најави партискиот потпретседател задолжен за надворешни работи Мехди Екер во интервју за агенцијата Анадолија… ‘При тоа внимаваме на одредени постапки, закони и правилници во секоја од земјите. Некаде можеби ќе дејствуваме како здруженија, некаде како фондации, а некаде директно како партиски претставништва’, потенцира Екер. Според него, претставништвата на АКП ќе функционираат како ‘службени контакт пунктови’ за турските државјани, но и за политичките партии или претставниците на власта на секоја од земјите.“

Јас не знам на какви „службени контакт пунктови“ за турските државјани мисли господинот Екер – бидејќи за тоа постојат амбасадите и конзулатите, акредитирани од една во друга земја – но, мене многу повеќе ми личи дека тие партиски канцеларии на Ердоган ќе бидат наменети за една единствена цел: за директна индоктринација на локалното население во Македонија со идеологијата на политичкиот ислам што ја шири неговата АКП, како теократска, авторитарна визија за владеење со едно општество.

Ова мене ми наликува како нова ескалација во безобразлукот на режимот на ефенди Ердоган – познат по својата изјава дека „демократијата е воз од кој треба да слезете кога еднаш ќе дојдете до целта“ – во неговата нео-отоманска надворешна политика кон Балканот и кон другите соседи на денешна Турција.

Турција, како што се знае, е голем и важен општествено-политички, економски и безбедносен партнер за Македонија. Тој факт не може да се порекнува, како ни фактот дека пријателството на Турците кон македонската држава и кон македонското население е искрено и многу пати потврдено во последните триесетина години. Е, токму затоа, секој искрен пријател на Турција во Македонија треба да биде загрижен од најновата идеја за партиска експанзија на АКП вон границите на турската држава.

Продорот на турските интереси во Македонија се одвива на многу полиња, засилено во последните години, во тесна корелација со Ердогановите антизападни и антидемократски верско-политички интереси. Турската амбасада во Скопје е претворена во динамичен, дневен оперативен центар за ширење на тие влијанија низ многу полиња на македонското секојдневие, поткрепено со сериозни финансиски средства кои се делат наоколу за разно-разни проекти од областа на социјалата, културата, верата и обновата на верски објекти, образованието, економијата, медиумите…

На пример, во последно време, познавачите на приликите велат дека е бележит систематскиот верско-политички продор на Ердогановото влијание во некои муслимански средини во земјава, особено меѓу ромското население низ Источна Македонија. Се разбира дека методите за политичко исламизирање на социјалата даваат резултати, кога се поткрепени со одредена помош и поддршка која не доаѓа од страна на македонската држава.

Минатата година во македонската јавност не помина со одобрување барањето на турската влада во Македонија да се затвори синџирот образовни институции „Јахја Кемал“, инспирирани од некогашниот близок пријател на Ердоган, Фетулах Ѓулен (кој и самиот не е „цвеќе за мирисање“, ако му се позанимавате со некои од верските идеи), иако владата на Груевски се обиде да плетка нешто во таа насока. Сега, барањето на турската држава е овдека таа да почне да отвора „свои“ основни и средни училишта, за да оствари што потемелно ширење на вредностите на партијата АКП низ Македонија. Претпоставувам дека бројот на поволни стипендии за школување ќе биде неограничен.

Мојата теза е дека македонскиот либерален, мултиетнички и мултиконфесионален демократски модел – кој, во овој момент, се соочува со предизвикот на верските манипулации што ги спроведува власта на СДСМ меѓу христијанското население – нема да може да го издржи притисокот што ќе произлезе од ширењето на политичкиот ислам на Ердоган, како една експлозивна (типично балканска) мешавина на популизам, вера, национализам и – да – корупција. Тоа на нашите турски пријатели треба отворено да им се каже. Јаваш, бејефенди Ердоган!

Сакам да кажам, човек може многу да ги сака Турците и нивната прекрасна земја, а воопшто да не му се допаѓа нивниот сегашен политички режим. И нема ништо контрадикторно во тоа.

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 12 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Tags: „Македонија“АКПЕрдоганполитичко исламизирањетурција
Share230TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ