Пратеникот Јохан Тарчуловски во моментов дава исказ во Обвинителството за организиран криминал во врска со настаните во Собранието од 27 април, потврди неговиот адвокат.
Вчера Тарчуловски побара кривичниот суд да му дозволи на 18 јануари да го напушти својот дом на 4 часа за од собраниско столче лично да го слуша обракањето на генералниот секретар на Нато Јенс Столтенберг. Во писмото кое вчера преку неговиот адвокат го испратил, пишува дека е свесен дека собрнаието му го одзело имунитетот за да му биде определен кукен притвор но додава дека во оваа фаза се уште ја извршува функцијата пратеник. Тарчуловски очекува судот да му даде дозвола и затоа што до сега не ја прекршил забраната да го напушти домот. Во меѓувреме, скопска апелација ја одби неговата жалбата со која бараше укинување на домашниот притвор.