• Latest

Сектретарката на Нимиц причина за конфликт на интереси во спорот со името

January 19, 2018

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Сектретарката на Нимиц причина за конфликт на интереси во спорот со името

January 19, 2018 10:44
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Секретарката на медијаторот Метју Нимиц, со грчко потекло, за Обединета Македонска Дијаспора е доволна причина за конфликт на интереси во решавање на спорот со името меѓу Македонија и Грција, како и личните донации во знак на поддршка на носителот на грчката група на пријатели, конгресменката Каролин Малони.

Како што велат од ОМД, ОН и Нимиц продолжуваат да ја прекршуваат Привремената спогодба од 1995 и ја погазуваат Универзалната декларација за човекови права, и тоа на делот што се однесува на принципот самоопределување. Или според нив, ниту овие проговори нема да резултираат во корист на Македонија.

„ОМД го потсетува Нимиц дека македонскиот народ во татковината, соседните држави на Македонија и во светот, најостро реагира на кршењето на Универзалната Декларација за човекови права, преку обидот за решавање на спорот за името, како и разговори околу промена на Македонскиот идентитет и јазик, што е недозволиво и крајно навредливо“, се вели во соопштението.

И бидејќи ОМД е многу загрижена што се случува, тековно, во Македонија, се надева дека со здружени сили со движењето #НиеСмеМакедонија, активно ќе делуваат да не загине името македонско.

„ ОМД, заедно со другите македонските организации во светот, здружено застанаа под движењето #НиеСмеМакедонија кое никогаш нема да прифати кршење на нашето основно човеково право на самоопределување како македонци и активно ќе делува во сите држави да го промовира, а не уништи нашето Македонско име, јазик и култура“, стои во соопштението (печатните грешки се намерно оставени)

Во прилог на задржување на името, може да се пополни и онлајн петиција за поддршка на единствениот начин за решавање на проблемот со името во Обединетите нации, а тоа е Резолуцијата на Генералното собрание на Обединетите нации за продолжување на членството на државата, привремено означено како “Поранешна Југословенска Република Македонија” според нејзиното официјално уставно име Република Македонија.

Б.Ј.

Tags: КонфликтМетју НимицОМДоставка
Share7TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ