• Latest

Меѓународен конкурс: Планета на утрешнината

January 24, 2018
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Меѓународен конкурс: Планета на утрешнината

January 24, 2018 07:00
in КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Оваа година се одбележува 10-тото и последно издание на Плакат на утрешнината (Poster for Tomorrow) во својот сегашен облик. ЦИВИЛ Медиа во целост го пренесува повикот на оваа организација со цел да ги информира дизајнерите и активистите заинтересирани за учество на повикот. 

– Од 2009 година наваму постигнавме и надминавме многу од нашите иницијални цели. Воспоставивме голема заедница на дизајнери кои сега активно се вклучени во социјалниот дизајн. Бевме домаќини на дебати и работилници во училишта и универзитети ширум светот и добивме десетици илјади плакати за нашите натпревари. Но, можеби најголемиот знак за то колку има постигнато не само Плакатот на утрешнината, туку и движењето за човекови права во последните десет години е популарноста на 10 декември, Меѓународниот ден на човекови права. Кога го одбравме овој ден за да ги отпочнеме годишните изложби на овој ден, тоа беше за да се одбележи еден значаен ден за кој ние сметавме дека меѓународната заедница имаше посветено малку внимание. Сега сé повеќе луѓе го слават секоја година како значаен датум на календарот, статус за кој сме среќни што сме придонеле на мал начин.

– Меѓутоа, со сиот успех што го ужива Плакатот на утрешнината, имаме забележано дека поголем дел од вниманието оди кон годишниот натпревар,отколку кон прашањата за човековите права кои се во срцето на нашето движење. Ние, секако, сме среќни и горди што илјадници луѓе се горди што се поврзани со натпревар за графички дизајн за човекови права, но ние сакаме фокусот да го ставиме повторно на човековите права, а не на натпреварот. Понатаму, светот се менува и ние сакаме да бидеме дел од таа промена.

– Поради тоа, 2018 е последното издание на Плакатот на утрешнината во неговиот сегашен облик.

– Момемнтално работиме на тоа како можеме да еволуираме и да се настапиме во 2019 со различни алатки за да привлечеме повеќе внимание за човековите права кои сé повеќе се изложени на ризик. Настаните околу светот покажуваат дека дебатата и дијалогот се од витално значење доколку сакаме да живееме во свет во кој навистина сме еднакви. Нашата цел за 2019 година и понатаму е да го водиме овој дијалог секаде и на секој начин.

– Но, најпрвин, 2018 година. За да се прослават последните девет години и да се погледне кон иднината, одлучивме годинешната тема да биде тема што влијае на иднината на секој од нас: животната средина. Да го цитараме претседателот Макрон, сакаме да ја направиме нашата планета повторно голема .

– Затоа, темата за 2018 година е „Планета на утрешнината“. Брифингот ќе биде објавен заедно со Повикот за учество на 20 Февруари. Како што можеби забележавте, тоа се разликува од нашиот редовен распоред, како и датумот за жирито во живо и датумот за примиерната изложба, кој сега се паѓа во недела, 16 септември – Меѓународен ден за зачувување на озонската обвивка.

– Не помалку значајно е тоа што го намаливме бројот на дела што секое лице може да ги достави од 9 на 3 дела. Ова ја нагласува нашата заложба за прашања кои се во срцето на нашиот натпревар, наместо да се стремиме кон поголем број на пријавени дела за натпреварот.

Во продолжение се сите датуми што треба да ги знаете за годинешното издание на Плакат за утрешнината.

Важни датуми:

20 февруари: Објавување на брифингот / Отворање на натпреварот

10 мај: Краен рок за доставување дела

20 мај: Онлајн жири

25 јуни: Жири во живо

16 септември: Светска изложба „Меѓународен ден за зачувување на озонската обвивка“

Контакт податоци: 4tomorrow association, 16 Esplanade Nathalie Sarraute, 75018 PARIS; тел: +33 14205 8887; e-mail: info@posterfortomorrow.org

 

Tags: @активизамдизајннатпреварплакатсоцијален дизајн
Share6TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ