Утре во Клубот на пратениците во Скопје, ќе се одржи координативен состанок на државниот и политичкиот врв на Македонија за предлозите за името меѓу Македонија и Грција, што ја предложи медијаторот на Обединетите нации Метју Нимиц, на 17 јануари во Њујорк.
Состанокот ќе се одржува на иницијатива на Министерството за надворешни работи, на кој ќе учествуваат само мажи, и тоа, претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
Посредникот на ОН, Метју Нимиц, како што е најавено, следната недела ќе ги посети Грција и Македонија. Нимиц ќе биде во Атина на 29 и 30 јануари, а во Скопје на 31 јануари и 1 февруари.
Д.М.