• Latest

ФТ: Ципрас игра покер во врска со Македонија

February 1, 2018

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

ФТ: Ципрас игра покер во врска со Македонија

February 1, 2018 12:06
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Алексис Ципрас се соочува со голем народен и политички отпор кон каква било употреба на терминот „Македонија“ во името на земјата. Од друга страна, пак, дипломатската награда за решавање на спорот за името што може да ја добие е значајна за него и би го претворила во своевиден Ото фон Бизмарк на Балканот, пишува „Фајненшл тајмс“ во написот под наслов „Ципрас игра покер во врска со Македонија“. 

Угледниот британски весник правејќи историски осврт на спорот помеѓу двете земји до денес, нагласува дека околу 60 проценти од Грците се противат на сложено име кое ќе го содржи терминот „Македонија“, а укажува и на илјадниците граѓани кои учествуваа на протестите во Солун минатиот месец, како и на претстојниот протест што е закажан за в недела во Атина.

ФТ пишува дека грчката опозициска Нова демократија го нападнала Ципрас што не ги вклучил во разговорите за името и додава дека Грчката црква, која на почетокот му дала поддршка за Ципрас, сега е против него. Во целата оваа мешаница, која според весникот наликува на хаос, е и ставот на ултранационалистите кои се дел од коалицијата во владата на Ципрас, а кои прашањето за Македонија го ставаат во центарот на нивната идентитетска политика.

– За лидерот на СИРИЗА и самото разгледување на името е стратегија со висок ризик во година во која земјата треба да го слави своето излегување од осумгодишната должничка криза. Сепак, можната дипломатска награда е значајна за него. Под притисок од Вашингтон, кој сака Македонија да се приклучи на НАТО годинава, и на Европската унија, која уште размислува за олеснувањето на грчките долгови, компромисот што би го постигнал Ципрас би го претворил во своевиден Ото фон Бизмарк на Балканот, наведува „Фајненшл тајмс“ во својата анализа.

Од друга страна, пак, се додава во анализата, весникот заклучува дека за длабоко емотивните Грци, кои се под моќта на странските кредитори речиси една деценија, ова може да е капката што ќе ја прелее чашата.

[divide]

Извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: ГрцијаиметоМакедонијаполитикаспорЦипрас
Share2TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ