Сообраќајот на главниот град на Косово од 31 јануари е забранет за сите жители, a полицијата веќе поставила барикади на влезовите на Приштина за да спречи влегување со коли во градот.
Блокадата важи од 06:00 до 22:00 за сите приватни возила, а влез во градот и движење имаат само возилата на јавниот превоз, Брза помош, полиција, возилата со дипломски мисии, како и возилата на КФОР и Eulex и лиценцираните такси возила.
Забраната не важи и за листата на возила што се користат за превоз на лица со посебни потреби кои имаат соодветни знаци за услугата која ја вршат.
Исто така, јавниот превоз е бесплатен за корисниците на истиот и е финансиран од Владата на Република Косово.
Снабдувањето на големите бизниси со роба се врши од 22:00 до 06:00 и за споредувањето на оваа одлука e задолжена Дирекцијата за инспекција.
Косовската полиција ќе асистира при споредувањето на точките за забрането движење на сите автомобили во територијата на Приштина од 06:00 до 22.00.
В.Махмути