• Latest

Интеграција, а не сепарација меѓу децата од различни етнички заедници

February 3, 2018

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Интеграција, а не сепарација меѓу децата од различни етнички заедници

February 3, 2018 09:14
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Македонските власти треба да спроведат политики што поттикнуваат интеграција и разбирање меѓу етничките заедници и да промовираат социјална кохезија, истовремено штитејќи ја разновидноста. Ова на прес-конференција го истакна комесарот за човекови права на Советот на Европа Нилс Муижниекс, кој е во петдневна посета на Македонија.

Според него, Охридскиот рамковен договор ставил крај на конфликтот во 2001 година и довел до промени во одредени области-правична застапеност на заедниците, децентрализација и употреба на јазиците, но социјална кохезија не е постигната.

„Македонското општество останува длабоко поделено по етнички и јазични основи и крајно време е политичките лидери да осмислат стратегија за интеграција за надминување на овие поделби“, смета комесарот за човекови права.

Севкупната атмосфера во однос на човековите права во Македонија, според Муижниекс, е позитивна, а Владата испраќа многу пораки за инклузивност.

Според него, децата во Македонија доцна почнуваат да ги учат јазиците на другите заедници. Апелираше да се разработат посистемски и долгорочни политики за да се одбегне сепарацијата меѓу децата од различни етнички заедници во образованиот систем.

„Сите деца да научат македонски јазик, а истото да важи и за другите немнозински јазици во областите каде ваквите групи живеат во значителен број“, истакна Муижниекс.

Министерката за образование и наука Рената Дескоска пак, во врска со тепачката меѓу две групи малолетници смета дека инцидентите меѓу младите се резултат на градење атмосфера на нетрпеливост, на национализам и меѓуетничка омраза што, како што рече, беше секојдневие во минатото и поттикнувано од највисоките државни функционери.

„Сегашната Влада се обидува да го промовира и до го рашири концептот живот за сите, заедничко живеење на сите етнички заедници“, нагласи Дескоска. Таа укажа дека учењето на младите на толеранција и соживот меѓу различностите е и една од мерките во Стратегијата за образование 2018-2025 која беше усвоена во вторникот на седница на Владата.

Појасни дека во концептот на наставните програми ќе бидат внесувани елементи за запознавање на различностите, мултиетничката компонента ќе биде внесена и во учебниците и во наставните планови, а за градење соживот ќе се обезбедуваат и просторни услови, односно сите ученици да учат во исти училишни згради.

Покрај меѓуетничката интеграција, Стратегијата за образование има активности кои ги опфаќаат сите компоненти на образовниот процес – предучилишно, основно, средно, високо образование и доживотно учење, кои се структурирани во периодот од 2018 до 2025. Некои компоненти, рече Дескоска, се однесуваат на сите образовни нивоа, како на пример обезбедувањето еднаков пристап до образование за сите, вклучувајќи ги децата со посебни потреби, како и подигнувањето на квалитетот на образованието.

Во средното образование внимание му се посветува на стручното, кое, рече министерката, во изминатиот период беше маргинализирано и ставено настрана. Целта е средното стручно образование да се поврзе со бизнис-заедницата со цел да се создадат наставни планови кои ќе соодветствуваат на потребите на пазарот на трудот. 


Извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: ДецаинтеграцијаНилс МужиниексобразованиеправаРената ДескоскаУченици
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ