Стратегијата на Европската Комисија за Западен Балкан денеска ќе биде презентирана во ЕУ Инфо Центар со почеток во 14:30 часот.
Прес-конференција ќе одржат Високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европската Унија, Федерика Могерини и комесарот за проширување, Јонаес Хан.
По прес-конференцијата изјава за медиумите ќе даде и амбасадорот Самуел Жбогар.
Презентацијата и изјавата на Жбогар може да се следи во живо на фејсбук страницата на ЦИВИЛ.
Б.Ј.