• Latest

ДУИ осомничена за злоупотреба на буџетски средства и средства од јавни фондови

February 21, 2018
Скопје

Скопје меѓу ноќните „спектакли“ и сметот: Како изгледа градот кога камерите ќе стивнат

September 24, 2026
Кијив, 24 септември 2026 (фото: ДСНС)

Додека светските лидери во ОН бараат прекин на огнот, рускиот агресор одговори со нов бран на терор врз Украина

September 24, 2026
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Мирот е добредојден како чувство – станува неудобен како барање

September 23, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

ДУИ осомничена за злоупотреба на буџетски средства и средства од јавни фондови

February 21, 2018 14:30
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

По претставка на Транспаренси интернешнл – Македонија (ТИ-М), Државната комисијата за спречување на корупцијата (ДКСК) утврдила постоење на основано сомневање за злоупотреба на буџетски средства и средства од јавни фондови во финансирањето на ДУИ и за тоа писмено го известила Основното јавно обвинителство Скопје заради понатамошно постапување. 

Транспаренси интернешнл – Македонија соопшти дека по анализа на Годишниот извештај за членарини за донации за 2016 година, забележала дека на листата како донатори на ДУИ се јавуваат и претпријатијата АД Македонска пошта, АД Аеродроми на Македонија и ЈП Македонски железници – инфраструктура, што, како што се наведува, е спротивно на одредбите од Законот за спречување на корупцијата и Законот за финансирање на политичките партии.

Поради тоа на 10 мај минатата година, ТИ-М се обратила до Антикорупциската комисија како надлежна за постапување во вакви случаи.

– На 21.02.2018 година добивме одговор од ДКСК дека по разгледување и анализа на добиените податоци од наша страна и прибраните известувања од посочените претпријатија, Министерството за финансии и Државниот завод за ревизија, утврдиле дека сомневањата кои се изнесени во претставката се основани и дека од прибраната документација произлегуваат факти и околности кои упатуваат на прекршување на одредбите од Законот за финансирање на политичките партии и Законот за спречување на корупцијата кои забрануваат користење на буџетски средства, средства од јавни фондови и средства од јавни претпријатија за финансирање на изборна активност, односно друга политичка активност, стои во информацијата од ТИ-М.

Документацијата од која произлегуваат овие сомневања, според ТИ-М, ДКСК ја предала во Основното јавно обвинителство Скопје, кое е надлежно за понатамошно испитување на овие информации.

ТИ-М, како што се наведува, изразува задоволство од постапувањето на ДКСК во врска со овој случај.

Од ТИ-М нагласуваат дека финансирањето на политичките партии, иако се актуелизира само за време на избори, континуирано останува сериозен проблем на корупција, а подготвува и широк терен за многу други коруптивни дејствија.

Транспаренси интернешнл Македонија ги повикува институциите уште пожестоко да се зафатат со сузбивање на, како што стои, незаконитите активности во финансирањето на политичките партии и со тоа да придонесат во обезбедување на владеење на правото.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: ДУИзлоупотребајавни фондовиТранспаренси интернешнл - Македонија
Share29TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ