• Latest

Јункер в недела во Македонија на средби со државниот врв

February 23, 2018

Коридорот на „старо железо“

June 3, 2026

Ќе го чепне ли Маѓар експремиерот Груевски на финансиски план?

June 3, 2026
Проф. д-р Стево Пендаровски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Пендаровски отвора нови прашања за „шпионската афера“ во Кабинетот на претседателката: Ако нема афера, зошто е суспендиран ИТ-техничар?

June 2, 2026
Кијив, 2 јуни 2026 (Укринформ)

Продолжува рускиот терор врз цивилни цели во Украина: Масовен напад врз Кијив, Днипро, Харкив и Запорижја, има загинати и повредени

June 2, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Политичарите се проблемот, не меѓуетничките односи – граѓаните бараат помалку национализам и повеќе заедништво

June 2, 2026

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Јункер в недела во Македонија на средби со државниот врв

February 23, 2018 08:00
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер својата балканска турнеја ќе ја започне в недела на 25 февруари со посета на Македонија, во рамки на која до 1-ви март ќе ги посети сите шест земји од Западниот Балкан.

Претседателот Јункер ќе го придружуваат високата преставничка за надворешна политика на ЕУ Федерика Могерини и комесарот за проширување Јоханес Хан. Во Македонија засега се потврдени средби со премиерот Зоран Заев и со претседателот Ѓорѓе Иванов, но не се исклучуваат дополнителни средби.

Јункер и Заев треба да одржат и заедничка прес конференција, потврдуваат од Европската Комисија.

Во Европската Комисија одбиваат засега да влегуваат во детали околу пораките кои ќе му бидат пренесени на македонското лидерство, особено во однос на прашањето за името, за кое притисок доаѓа и од Германија.

По средбата со Заев порано неделава, Меркел денеска на маргините на европски самит во Брисел треба да се сретне и со нејзиниот грчки колега, Алексис Ципрас. Ставот на Европската Комисија околу прашањето за името останува истиот, а тоа е дека двете страни треба да најдат заеднички прифатливо решение пред да започнат преговорите со ЕУ.

Портпаролот на Жан Клод Јункер на новинарите, вчера, кусо им одговори дека претстојната посета на регионот е одраз на обновениот интерес и динамиката која ЕК сака да ги внесе.

Турнејата по Западен Балкан, првиот човек на ЕК ќе ја заклучи со посета на Бугарија, која во моментов претседава со Европската Унија. Јункер во Софија ќе се сретне со престедателот Бојко Борисов и ќе присуствува на заеднички ручек со сите премиери на земјите од регионот.

Западниот Балкан, долго изоставен од приоритетите на европската извршна власт повторно станува важна тема на разговор во Брисел. На почетокот на февруари Европската Комисија ја објави својата нова стратегија за Западниот Балкан, која има за цел да ја потврди кредибилноста на европската перспектива за земјите од регионот.

На 17 мај во Софија ќе се одржи и европски самит посветен на регионот. 


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: државен врвЈункерпосетасредби
Share3TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ