• Latest

Кривична пријава за трговија со дете во случајот со штитеничката од „25 Мај“

February 25, 2018
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Кривична пријава за трговија со дете во случајот со штитеничката од „25 Мај“

February 25, 2018 13:34
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Кривична пријава за трговија со дете поднесе денеска Министерството за внатрешни работи против 42-годишна кавадарчанка, во врска со случајот со штитеничката од ЈУ за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми „25-ти Мај“.

Единицата за трговија со луѓе и криумчарење мигранти при Одделот за сериозен и организиран криминал на МВР до Основното јавно обвинителство за сузбивање организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против М.Д. од Кавадарци поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „трговија со дете“, согласно член 418 од Кривичниот законик.

Според документираните сознанија утврдено е дека пријавената во текот на декември минатата година и јануари оваа година го принудувало детето Р.И., да дава сексуални услуги на поголем број лица за одреден паричен надомест.

Исто така покрај сексуалната експлоатација, пријавената вршела и трудова експлоатација врз детето принудувајќи да питачи за неа.

М.Д. е задржана во полициска станица во Кисела Вода и во текот на денот ќе биде однесена за распит при Судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1.

Претходно со поднесување кривична пријава за 11 одговорни и стручни лица од Центарот за социјална работа – Скопје за кривично дело „несовесно работење во служба“ и „запуштање на малолетно лице“ и со оставката на директорот на Домот „25 Мај“ полека почнува да се лоцира одговорноста за случајот со 13-годишната штитеничка од овoј дом.

Премиерот Зоран Заев на последната седница за пратенички прашања рече дека е поддржувач на максимална казна за ваквите појави, затоа што само така ќе се испрати пораката никогаш да не се повтори.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: 25 Мајкривична пријаваСексуално злоставување
Share5TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ