Заменичката на грчкиот министер за труд Ранија Антонопулу синоќа поднесе оставка откако се дозна дека барала и примила надомест за изнајмување стан во Атина, и покрај податоците во годишниот извештај дека поседува половина милиона долари.
Таа во изминатите две години од Владата примила помош од 23.000 евра за изнајмување стан.
Антонопулу е мажена за грчкиот министер за економија и развој Димитри Пападимитри, кој не ја коментираше јавно оставката на својата сопруга.
Нејзина оставка бараа претставници на опозициските партии тврдејќи дека е непристојно да и се даде надомест кога Грција се соочува со економска криза.
Грчката Влада наведе дека планира на членовите на Кабинетот да им го да укине плаќањето надомест за изнајмување станови.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.