Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Р.Г. (48) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Во периодот од 05.08.2016 до 21.09.2017 година, пријавениот како вработен во АД „Македонски пошти“ – подружница Прилеп, при извршување на редовни месечни контроли во поштата во село Долнени, прилепско, изготвувал записници со невистинита содржина.
Со тоа, како што соопшти МВР, овозможил Н.П. (28) и В.П. (27), двајцата од село Долнени, да се стекнат со противправна имотна корист од 777.108 денари на штета на АД „Македонски пошти“.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.