• Latest

Павлопулос: Прво промена на името и Уставот, па потоа потпишување договор

March 13, 2018
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Павлопулос: Прво промена на името и Уставот, па потоа потпишување договор

March 13, 2018 13:07
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Прво треба да се направи промена на Уставот, па потоа да се потпише договор меѓу двете страни, рече претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос на средбата со неговиот португалски колега Марсело Ребело де Соуза.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, на почетокот на средбата во претседателската палата, грчкиот претседател повторно говореше за трите отворени прашања во надворешната политика, за грчко – турските односи, кипарското прашање и спорот со името.

Објасни дека според него, на евентуалниот договор меѓу Македонија и Грција треба да му претходи уставна промена и потенцираше дека тоа не било грчко барање, туку барање „што се однесува на Европската унија, на европското законодавство и на почитувањето на тоа што генерално значи меѓународно законодавство“.

– Пред да стапи во сила договорот и пред да се комплетира содржината, потребно е да има претходна ревизија на Уставот на нашата соседна земја, на поранешната југословенска Република Македонија, затоа што, ние Европејците што го имаме овој демократски менталитет не можеме да замислиме дека една земја прифаќа, тоа треба да го направи и поради почитување на нејзиното уставно законодавство, не можеме да замислиме дека една земја, доаѓа и потпишува Меѓународен договор, се обврзува меѓународно, прекршувајќи го нејзиниот устав и велејќи: па не е толку важен нашиот Устав, можеме да одиме напред и ќе видиме кога ќе направиме ревизија на нашиот Устав, рече грчкиот претседател, додавајќи дека „како Европејци, го почитуваат самото демократско законодавство во рамките на поранешната југословенска Република Македонија“

Прокопис Павлопулос рече дека името треба да се реши на начин на кој ќе се почитува историјата, меѓународното право и европското законодавство.

– Ќе треба да се избере едно име и да постои соодветен договор од кој ќе произлегува дека постојат гаранции дека го исклучуваат иредентизмот, затоа што денешното уставно име на поранешната југословенска Република Македонија е име кое зрачи иредентизам, изјави претседателот на Грција, уште еднаш повторувајќи ги неговите ставови, овој пат пред неговиот португалски колега.

Прокопис Павлопулос додаде дека Грција ја поддржува европската и евро- атлантската перспектива на нашата земја, но само доколку претходно се реши прашањето со името, затоа што „Унијата не е простор за решавање на спорови“.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: ГрцијаиметоМакедонијаПреговориПрокопис ПавлопулоспромениУстав
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ