Американскиот амбасадор Џес Бејли денеска го повтори ставот на американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија Вес Мичел кој вчера за време на посетата на Скопје изјави дека САД се заинтересирани спорот за името да биде решен и оти одлуката за тоа треба да ја донесат Македонија и Грција.
– Ние внимателно ги следиме Македонија и Грција, кои се наши пријатели и сојузници. Се надеваме дека тие заедно ќе можат да дојдат до заеднички прифатливо решение за името кое ќе им помогне на двете држави и на регионот, изјави амабсадорот Бејли на новинарско прашање за време на првиот годишен Форум на градоначалници во организација на Мировниот корпус на САД во Македонија и Министерството за локална самоуправа.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.