• Latest

Мичел се сретна со Каменос и Коѕијас

March 16, 2018

Горивата во Македонија пред нова ценовна одлука по турбуленциите на светските пазари

October 26, 2026

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

Лула повторно претседател на Бразил, нов предизвик за Трамп во Латинска Америка

October 26, 2026

Бугарија оди во втор круг: Јотова во водство, Ѓуров ја бара поддршката за пресврт

October 26, 2026
Александар Вучиќ го призна поразот( Фото: Скриншот од видео на EuroNews Србија)

По поразот на Вучиќ: Реакции од регионот и Европа

October 26, 2026

ИЗБОРИ ВО СРБИЈА | КЛУЧНИ МОМЕНТИ: Постизборна дискусија на ЦИВИЛ – Вучиќ падна – што се случи и што следува? (ВИДЕО)

October 25, 2026

Од студентските блокади до изборна победа: Вучиќ го призна поразот, Србија пред крајот на една политичка ера

October 25, 2026

Нема таква сила што може да ги заплаши луѓето – ни тенкови, ни звучни топови, ни батинаши! (ВИДЕО)

October 25, 2026
Алис Вајдел (фото извор: Wikipedia)

Хакирани мејлови откриваат детали за нелегалните донации на германската АфД, Алис Вајдел под лупа

October 25, 2026

Судири во Лазаревац, колона на Жандармеријата кон Белград и полициски возила во центарот (ВИДЕО)

October 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Мичел се сретна со Каменос и Коѕијас

March 16, 2018 09:29
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

За билатералната одбранбена соработка, за случувањата во поширокиот регион и за прашањето со двајцата грчки војници притворени во Турција, разговарале на вчерашната средба грчкиот министер за одбрана Панос Каменос и Американскиот помошник државен секретар, задолжен за Европа и Евроазија Вес Мичел.

Американскиот помошник државен секретар, вчера беше во посета на Атина и одржа средби со претставници на грчката Влада. Според Еуроњус на грчки јазик и весникот „Ризоспастис“ на Комунистичката партија на Грција, Мичел се сретнал и со шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, без да постојат дополнителни детали околу разговорите.

Пред почетокот на неговата турнеја низ земјите од Западен Балкан беше најавено дека Мишел во Атина на средби со грчкиот државен врв се очекува да разговара и за спорот за името.

Како што јави дописникот на МИА од Атина и средбата со Каменос и средбата со Коѕијас, беа затворени за медиумите.

Единствено од Министерството за одбрана на Грција излегоа со официјално соопштение.

– Министерот за национална одбрана Панос Каменос, се сретна со заменик министерот за надворешни работи на САД Европа и Евроазија, Вес Мичел. Имаше широка размена на мислења за прашањата од билатерална одбранбена соработка и за случувањата во поширокиот регион. Широко се разговараше за прашањето со двајцата грчки војници кои и понатаму се во притвор во Турција, пишува во кусото соопштение од грчкото Министерство за одбрана, без да биде споменато прашањето за името и дали и тоа се нашло на агендата разговори.

Мичел на 12 март ја почна својата турнеја по земјите од Западен Балканот со посетата на Приштина, а во Скопје беше на 13 март. Турнејата трае до утре а во рамки на неа ги посети освен Приштина и Скопје ги посети и Белград, Атина, а предвидена е посета и на Никозија.

Тој во Скопје на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев порача дека САД ги поддржуваат Македонија и Грција во напорите да најдат заедничко решение за прашањето за името.

– Македонија презеде големи чекори напред во ангажирањето во преговори со нејзините грчки соговорници и ова е одлична можност за доаѓање до решение. Многу е важно двете држави да продолжат со преговорите, додаде тој.

извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: КаменосКоѕиасМичелсредба
Share1TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ