• Latest

Пратениците излегуваат од Шутка, Заев наведуван за „Поткуп“

March 27, 2018

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
Фото: МИА архива

Германија ја обвини Русија за обидот за напад со дрон на аеродромот во Лајпциг

September 2, 2026
Европската комисија; Фото: Европска Унија

ЦИВИЛ: ЕУ мора конкретно да санкционира глорификација на воени злосторници и негирање на геноцид

September 2, 2026

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Пратениците излегуваат од Шутка, Заев наведуван за „Поткуп“

March 27, 2018 08:00
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Врховниот суд вчера одлучи да им го замени притворот со куќен притвор на поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков и пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василески. Во Кривичниот суд, пак, имаше шест и пол часовно сослушување на струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевалиев како сведок во случајот „Поткуп“, во кој обвинет е премиерот Зоран Заев.

Сачевалиев на рочиштето за „Поткуп“ рече дека снимката од ПИ мерките што била прикажана на телевизија не била целосна и дека откако ја имал опремата за снимање на него, го наведувал Заев да го каже тоа што е прикажано на снимката.

Пред судот Сачевалиев кажа дека Заев му барал три евра поткуп од метар квадратен – едно за него, едно за црквата и едно за партијата, што е различно од тоа што го напишал во изјавата во ЈО, дека му биле побарани три евра за изградба на црквата. Од ЈО го приложија на увид оргиналниот документ од изјавата на Сачевалиев. Тој уште еднаш потврди дека потписите на четирите страници од изјавата се негови, но оти текстот бил променет.

Премиерот Заев, по завршувањето на рочиштето, рече дека сме можеле буквално да видиме јасни, на неколку пати, како што рече, признанија од единствениот сведок во процесот, дека бил инструиран и дека бил под наредба на Јавното обвинителство и полицијата.

– Неколку пати кажуваше како ме местат и како наведувал да извлече зборови од мене, изјави премиерот Заев.

Нагласи дека сепак останува Судот да си ја донесе одлуката.

Во меѓувреме, Врховниот суд донесе одлука да им го замени притворот со куќен притвор на поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков и пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василески, кои ќе бидат пуштени од истражниот затвор во Шутка, откако поминаа три месеци во притвор по одлука на судија од скопскиот Кривичен суд.

Митко Чавков

Одлуката беше донесена по жалбите кои Чавков, Мукоски и Василески ги поднесоа на одлуките на Кривичниот и Апелацискиот суд, со кои им се одредуваше и продолжуваше притворот.

Врховниот суд одлучи од притвор да се пуштат и Митко Пешев, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски, Оливер Поповски и Мунир Пепиќ, сите вработени во МВР, на кои исто така им е одреден куќен притвор.

По денешната одлука во притвор остануваат уште четворица осомничени за настаните од 27-ми април. Меѓу нив се членовите на патриотското здружение од Велес, Горанче Анѓелов и Илија Славевски.

Обвинителен акт за настаните од 27 април се уште не е поднесен, а рокот истекува за десетина дена.


Извор: МИА

Tags: 27 априлврховен суддомашен притворЗаеводлукапоткуппратеницисведочењеШутка
Share7TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ