• Latest
Добро утро со Орданоски

Телефонистите на Груевски

April 3, 2018
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Телефонистите на Груевски

April 3, 2018 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

„Да имаше ‘Д’ од доказ против мене, јас одамна ќе бев… немаше да бидам тука! Што не значи и дека тие што се уапсени се виновни.“

Тоа го изјави Груевски, придружуван од шест (и со бројка: 6) свои адвокати, на влез во Кривичниот суд во процесот „Титаник“, а по повод сомневањата дека токму тој е главниот инспиратор, организатор и телефонскиот „командант“ на настаните на 27 април. Мене ми се чини дека токму армијата негови адвокати за бројни тешки кривични дела за кои се сомничи може да се земе како посреден доказ, ако не и како целосно признание, дека Груевски на 27 април бил сосема свесен што го чека, доколку насилно не го спречел формирањето на новата влада на Заев.

Неговиот телохранител, пак, вели Груевски, на телефон со брат му Нинџа – ИСТОВРЕМЕНО додека Нинџа ја ставал качулката на глава за упад во Собранието и за ликвидација на Заев – разговарале „за семејни работи“…

Е, токму со таква малолетничко-деликвентска наивност овој човек владееше десет години! Раскажувајќи прикаски за мали деца, додека големите околу него ја „олешија“ државата до непрепознатливост!

Добро, зошто да не, можеби организацијата на државниот удар била главната тема за разговор во семејството „Нинџи“. Ама тоа нема никого од обвинетите да го спаси од многу долги затворски казни. Барем додека сите тие перспективни долгогодишни робијаши не решат малку самите да си помогнат, додека не проговорат и не ја посведочат вистината за настаните. Кој нејќе – не мора!

Но, таа „маченичка“ стратегија не оди со приказната на ќерката на Чавков, која тврди дека СДСМ сакала да го умре татко ѝ. Ма, немој! Колку и да го разбирам безрезервниот сентимент на една ќерка за својот татко, мене повеќе ми се чини дека таа работа (со, недајбоже, умирањето) самиот за себе си ја приредува токму г. Чавков, штитејќи ги тие над него. Некој на таа негова слепа лојалност ќе му симне капа, од респект; друг ќе се посомнева дека е толку добро платен за тоа, што мисли дека годините што, најверојатно, ќе ги помине в затвор се вредни за добиената сума како компензација; трети ќе мислат дека е будала, кој си го жртвува сопственото здравје и сопственото семејство, за мафијата слободно да се шепури наоколу, пребирајќи со вилушките по метеросексуалните гастрономски специјалитети по скопските кафеани… И тука нема што многу да се додаде.

Освен, можеби, да се размисли за предлогот на Александар Тортевски, што некни опуштено ми го „плесна“ на маса, дека на сите државни службеници или вработени во јавни установи, осудени за потешки кривични дела од областа на (не)извршување на нивните службени овластувања и должности, треба целосно да им се укине стажот за пензија остварен за време на работата во државната или во јавната институција. Тоа, со право смета Тортевски, ќе биде добра причина сите цариници, инспектори, полицајци, секретари, управници, директори и заменици, шефови, шефчиња и разни други „навртки“ и „завртки“ во јавниот сектор, но и судии, лекари или членови на управни одбори, добро да размислат пред свесно да влезат во вршење на потешки кривични дела во доменот на описот на нивната работа.

Навистина, зошто треба државата да му ја гарантира и исплаќа пензијата некому кој бил задолжен да го штити јавниот интерес, па дури и редот и правото во таа држава, а тој свесно ставил некаква „качулка“ на главата и тргнал, низ својата служба, да ја руши самата држава?!

Тоа е слично како со обвинетите од „Титаник“ на кои, доколку им се докаже вината, покрај заслужените затворски казни, судот треба да им досуди и општествена заштитна мерка: доживотни забрани за занимавање со политика. Па, целиот врв на една партија е осомничен за местење избори во „индустриски“ пропорции – да не треба, по излегување од затвор, пак да ги гледаме по партиски митинзи во борба за власт?!

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ.

Share264TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ