• Latest

Комисија ќе утврдува одговорност за „Млади поети“, суспендиран раководител во АМС

April 3, 2018

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Комисија ќе утврдува одговорност за „Млади поети“, суспендиран раководител во АМС

April 3, 2018 15:26
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Формирање комисија за утврдување одговорност за членовите на стручната комисија ангажирана за селекција и избор за најдобри авторски дела како дел од конкурсот за реализација на проектот „Млади поети“, како и поведување дисциплинска одговорност и суспензија на раководителот на Секторот млади, се мерките што ќе ги преземе Агенцијата за млади и спорт со цел да го расветли случајот со двете песни со недолична содржина кои беа објавени во збирката, а кои предизвикаа големо внимание во јавноста.

Агенцијата за млади и спорт како што информира на прес-конференција нејзиниот директор Дарко Каевски целосно се ангажира да ја лоцира одговорноста за случајот и да спречи повторување на вакви грешки во иднина.

– Утврдивме дека постоело несовесно, нестручно, непрофесионално работење на неколку чинители кои имале активна улога околу конкурост за издавањето на публикацијата на „Млади поети“. Таквото однесување довело до објавување на содржина која содржи елементи на родова и ентичка дискриминација на што АМС жестоко се противи, вели Каевски.

Додаде дека надворешната тричлена комисија составена од Јовица Иванов како претседател и Николина Андова Шопова и Тихомир Јанчоски како членови имала обврска да изврши селекција на пристигнатите творби и да постапи совесно, стручно и непристрасно согласно позитивните законски прописи во земјава.

Тие според Каевски требале да ги селектираат сите песни и разгледаат сите песни што пристигнале до нив, а не само да ги одбеерат најдобрите три, и за таа цел секој од нив би лплатен по пет илјади денари.

Каевски вели дека чувствува морална, но не и друг вид одговорност за објавување на збирката. Одговорноста за направениот избор и за содржината на збирката ја лоцира кај членовите на надворешната комисија, но и кај раководителот на секторот кој ќе биде суспендиран и кој ја доставил збирката до Арс Ламина.

Каевски вели дека во случајот постојат и видливи прекршувања на законски одредби од Законот за издавачка дејност.

– Како директор не сум дал никаква писмена и усмена согласност да бидам уредник, а притоа АМС неможе да биде издавач на збирката поезија „Млади поети“ , а овластеното лице неможе да биде уредник за истата имајќи ги предвид нормите во Законот за издавачка дејност, рече Каевски.

Овој проект се спроведува четири години, а оваа година првпат тој како директор и Агенцијата биле наведени како уредник и издавач. Претходните години тоа не било случај. Тој нагласи дека не дал  согласност да биде уредник, а како тоа се случило дополнително ќе се утврди.

На прашањето како директор немал целосен увид во спроведувањето на овој проект се огради од одговорност и ја префрли врз раководителот на секторот.

Ова година за овој проект биле издвоени најмалку средства во споредба со претходните. Исто така и тиражот бил помал иако забелешките одеа во насока дека дури и познати поети не објавуваат во тираж повеќе од 500 примероци. Недистрибуираните примероци од „Млади поети“ се повлечени. Дополнително ќе се утврдува што ќе се прави со оние што веќе се пуштени во продажба.

Арс Ламина го добила тендерот за „Млади поети“  кој првично изнесувал 400 илјади денари, а потоа со наддавање го добила за околу 180 илјади денари, за печатење и дистрибуција.

Збирката е испечатена во 5.000 примероци, а АМС нема точна бројка колку досега се дистрибуирани.

Во врска со тоа дека двете спорни песни се објавени под украден идентитет, Каевски вели дека МВР веќе презеде иницијатива во врска со ова и ќе дејствува согласно своите надлежности. Песните се напишани од 41 годишниот Александар Блажевски, но во збирката како нивен автор е наведен Даниел Пиљаковски.

[divide]

извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Млади и спортсуспензија
Share48Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result