• Latest

Косовските партии подготвени за нови избори

April 5, 2018

Нов бран на руски терор: Тројца загинати во Одеса, прекини на струјата во 12 области

November 9, 2026

Горивата поевтинуваат до 7 денари по литар, новите цени од полноќ

November 9, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Почина 24-годишникот осомничен за смртоносниот напад во Краков

November 9, 2026
Фото/ Wikipedia commons

Гутереш: Светот влегува во ера на климатски екстреми, Ел Нињо дополнително ја загрева планетата

November 9, 2026

Г7 во Париз: По изборниот пораз на Трамп, сојузниците бараат јасност за американската политика кон Украина и Блискиот Исток

November 9, 2026
Фото: Архива

Унгарија ги отвори досиејата на комунистичката тајна полиција: 60.000 имиња во јавна база, Фидес обвинува за политичка манипулација

November 9, 2026
Фотографија: Фејсбук профил Трн.мк

„Ниту една повеќе!“ – Граѓаните бараат одговорност за пропустите во системот за заштита од насилство врз жените

November 9, 2026
Комишуваха, 8 ноември 2026

РУСКИ ТЕРОР: Дронови погодија станбена зграда и хотел во Кременчук, ранети двајца спасувачи во Комишуваха, каде што 7-ми ден траат спасувачките операции по нападот во кој загинаа 55 лица

November 8, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Косовските партии подготвени за нови избори

April 5, 2018 12:08
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Сите партии од владејачката коалиција во Косово и речиси сите опозициски партии соопштија дека се подготвени за вонредни парламентарни избори поради тешкотиите со кои се соочува актуелната Влада, јавија локалните медиуми.

Пратеничката на движењето Самоопределување Албулена Хаџиу изјави дека тоа што Владата ја активирала раководната група што ќе работи на составување статут на Заедница на српски општини, е сигнал дека треба што побрзо да се организираат вонредни парламентарни избори.

Таа оцени дека тоа значи дека ќе се создаде „нова Босна на Косово“, јави Танјуг повикувајќи се на прес-клипинг на Унмик

– Харадинај мора да го запре тоа. Тој не би смеел да ја направи истата грешка како со демаркацијата. Тоа е единствена причина зошто тој им треба на Тачи и Весели. Мораме што е можно побргу да имаме вонредни парламентарни избори, рече Хаџиу.

Претседателот на Косово, Хашим Тачи и премиерот Рамуш Харадинај синоќа повторно ја активираа раководната група која ќе работи на предлог-статуот на Заедницата на српски општини (ЗСО).

– Изработката на Статуот ќе биде транспарентен и сеопфатен процес, кој ќе се состои од три работни механизми: Раководен тим, комитетите за имплементација и Национална консултативна група, кои ќе гарантираат вклучување на целиот политички спектар, граѓанското општество и други општествено релевантни механизми, се наведува во соопштението на косовската Влада.

Во процесот ќе бидат вклучени и меѓународни механизми, кои му помагаа на Косово во сите фази и тоа ќе биде „значаен чекор за Косово на неговиот пат кон евроатлантските интеграции“.

– Финалниот предлог на Статутот, заедно со директивата, ќе биде доставен до Уставниот суд со цел да биде во целосна согласност со Уставот на Република Косово. Со овој чекор, Косово исполнува уште една меѓународна обврска, докажувајќи ја посветеноста на евроатлантскиот пат, се наведува во соопштението на Владата на Косово.

Харадинај претходно, коментирајќи го барањето на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) за предвремени парламентарни избори, изјави дека „доколку ЛДК е подготена за тоа, тогаш и Алјансата за иднината на Косово (ААК) ќе гласа за избори“.

Харадинај на прес-конференција по седница на Владата наведе дека и владината коалиција го подржува барањето на ЛДК за нови избори.

– Доколку одиме на избори и Алијансата и владината коалиција ќе им го даде гласот доколку се за избори, изјави Харадинај.

ЛДК завчера соопшти дека Косово се наоѓа во длабока институционална и политичка криза и ги повика политичките партии „што поитно да се состанат и да одредат датум за избори“.

Барањето на опозициската ЛДК како несериозно го оценија Демократската партија на Косово (ПДК) и Движењето Самоопределување.

[divide]

извор: МИА

Tags: избориКосово
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ