• Latest

Собранието изгласа доверба на Владата

April 12, 2018
ПОСЛЕДНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ПОТПИС | Александар Вучиќ, 27 септември 2026 (фото: ФБ / Александар Вучиќ)

Србија пред избори: Вучиќ во трка за премиер, студентите со сопствена листа, опозицијата во повеќе колони

September 30, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки на работ на хуманитарна катастрофа: Глад, блокада и пропаганда под руска окупација

September 30, 2026
Урсула фон дер Лајен - Христијан Мицкоски, октомври 2025

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје: Мицкоски нуди дијалог, ЕУ останува на условот за уставни измени

September 30, 2026

(ИНФОГРАФИК) Двете точни бројки на Мицкоски и контекстот што го менува заклучокот

September 30, 2026

Пендрекот може да ја растури тезгата на Бит-пазар, но не и сиромаштијата

September 30, 2026

Невести бегалки или нови структури: Политиката зад банкарството

September 30, 2026
Кијив, 30 септември 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Ракети и 188 дронови, меѓу загинатите и дете

September 30, 2026

Бабин Јар, 85 години подоцна: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
Одеса, 29 септември 2026 (ДСНС)

Деноноќен руски терор врз Украина: Напади врз Кијив, Одеса, енергетика, железница, домови и цивилна инфраструктура

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Инфлацијата навистина е пониска од европската, но што премолчува Мицкоски?

September 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Собранието изгласа доверба на Владата

April 12, 2018 07:06
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на Република Македонија доцна синоќа ја доби довербата од пратениците. Четириесет гласови „за“ недоверба на Владата беа од опозицијата, 62 пратеника од владејачкото мнозинство гласаа „против“ недоверба, а воздржани беа двајца пратеници – од БЕСА и од Алијанса за Албанците. 

Дванаесетчасовната расправа за интерпелација  ја иницираше  ВМРО-ДПМНЕ која за оваа седница го прекина бојкотот и се врати во Парламентот.

Собрание гласање

Премиерот Зоран Заев во обраќањето пред гласањето рече дека внимателно ја следел денешната седница за да слушне забелешки но, рече, не слушнал аргументи.  Истакна дека Владата наследила тотален колапс,  долг од 280 милиони евра, последици од владеење кои биле закани по системот на институциите.

–  Исправени бевме пред неопходноста од темелни реформи и преобразба, рехабилитација на општеството и државата, а за тоа е неопходно време и вклученост на сите политички фактори.  Системот мора да се регенирира од внатре, не може да се случи однадвор, порача Заев.

Апелираше на инклузивност и конструктирвност во спроведување на реформите за Република Македонија да биде членка на НАТО и ЕУ, со достоинствен живот за сите граѓани и да биде едно општество за сите.

На критиките во однос на Планот 3-6-9 одговори дека е постигнат 96 отсто и дека нема поголема потврда од, како што рече, најавената чиста препорака за отпочнување преговори со ЕУ.

– Нема подобра потврда за успехот на Планот 3-6-9 од она што го најави Европската комисија во својата стратегија за проширување со земјите од Западен Балкан. Најавена е чиста препорака за Македонија за отпочнување преговори и согласно успехот во затворањето на политичките прашања, вклучително и прашањето за употреба на името со Грција. Македонија може да очекува одлука за започнување на преговори. Останува да заврши собраниската постапка на последните предлози за измени и дополнување на неколку законски решенија од правосудството и другите реформи во Македонија, рече Заев.

Во однос на обвинувањата за економијата, премиерот рече дека успешност е тоа што крајот на годината покажал најголема стапка на реализација на капиталните инвестиции.

Заев

– Реализиравме 83,6 проценти од капиталните инвестиции проектирани во Буџетот. Ова претставува најголема реализација на капитални инвестиции од 2013 година. Да, дел од тие инвестиции плативме глупости од „Скопје 2014“… Ја потрошивме зимата на планови и проекти. Пролетта ќе биде економска офанзива за Република Македонија. Амбиентот е создаден, пријатели се изградени, апсолутно сме посветени. Верувам дека и со придонесот на опозицијата овде, во Парламентот, тоа ќе биде дополнителна мотивација за максимална реализација на буџетот и програмите на Владата, посебно капиталните инвестиции кои се многу значајни за севкупниот раст, рече, меѓу другото, претседателот на Владата непосредно пред гласањето.

Пред него од собраниската говорница се обрати експремиерот и поранешен лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски кој говорот го почна со заклучок дека „по утрото се познава денот“ зашто, како што рече,  „со чин што наликува на државен удар се назначи претседател на Собранието“. Тој обвини за лоша економија, скандалозна надворешна политика и десетмесечно владеење без ниедена реформа.

– Демагогија е кога 22 отсто работоспособни бараат работа и кога нема ни странски, ни домашни инвестотири, а оваа влада се труди да објасни дека заштедила на патни трошоци, рече Груевски, кој зборувајќи за економските политики од неговиот мандат рече дека за десет месеци тие „се доведени на колена“ и дека одлично образован кадар за економија и странски инвестиции е заменет со несоодветни личности.

–   За разлика од нас, оваа влада само филозофира за економија. Наместо со нови конкретни иницијативи, се занимава со маргинални прашања и е посветена исклучиво на прашањето за смена на името на државата со спуштени преговарачки позиции како никогаш досега…. Ова е трчи-лажи влада која секому му ветуваше што сака да чуе. Влада која верува и се надева дека на следните избори меѓународната заедница ќе им излегализира нов изборен криминал затоа што ќе ги рапсорадат националните интереси.  Не се свесни дека ќе доживеат сериозен дебакл, рече Груевски.

ВМРО, доверба на Влада

Опозициската партија ја побара седницата за гласање доверба за да ги изнесе, како што образложи, своите аргументи според кои оваа Влада е недемократска и неспособна. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во излагањата обвинија за партизирање на институциите, за бркање од работа на професионалци и нивно деградирање, обвинија за „распродавање и негрижа за прашањата од национален интерес,  заробено судство, луксузирање на владините функционери со пари на граѓаните, политички реваншизам“, а како погубни ги оценија и економските политики, а Планот 3-6-9 според нив доживеал колапс.

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев  на почетокот на седницата рече дека Владата наместо да се зафати со решавање на реалните проблеми на граѓаните, работи само на одржување на владината коалиција и сопствените интереси и дека Владата предводена од СДСМ и ДУИ ги крши законите и Уставот, а како доказ за тоа го посочи носењето на Законот за јазиците.

Во одбрана на политиките на Владата и како одговор на обвинувањата од опозицијата пратениците на СДСМ во текот на расправата посочија на она што од јуни досега го презеле за подобрување на животот на граѓаните – укината радиодифузната такса, враќање на евтината тарифа на струјата, решен проблемот на стечајните работници, а во делот на надворешната политика подобрени односите со соседните држави.

Според координаторот на СДСМ Томислав Тунтев, обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ се изобилство од паушални и невистинити констатации, кои не се поткрепени со објективни и мерливи критериуми. Барањето за гласање доверба на Владата, пратениците од владејачкото мнозинство го оценија како „очаен обид на опозицијата да си најде оправдување да се врати во Собранието“.

ВМРО во Собрание

ВМРО-ДПМНЕ отсуствуваше од пленарните седници и од работата на сите собраниски тела од средината на декември поради притворањето на шест нивни пратеници осомничени за насилните настани на 27 април.  Учествуваа само на седницата за Законот за употреба на јазиците на 14 март и потоа повторно се исклучија од работата во законодавниот дом. Во собраниските клупи седнаа за новогодишното обраќање на претседателот Ѓорге Иванов и за обраќањето на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во јануари.


Извор: МИА

Tags: влададовербаинтерпелацијаСобрание
Share15TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ