• Latest

Лажните вести предизвик на традиционалните медиуми

May 7, 2018
Фото/, Х на унраинската амбасадорка Лариса Дир

Амбасадорката Дир: На 4 јуни оддаваме почит на децата чии млади животи ги одзеде државата-агресор, која одбива да го прекине огнот

June 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ЕУ го усвои најновиот извештај за Албанија, упати итен повик за реформи; Мира Мурати меѓу 50-те најмоќни жени во светот; Данска ќе испраќа затвореници во Косово во 2027 година

June 4, 2025
Фото: U.S. Navy photo by Chief Mass Communication Specialist Joseph R. Vincent - commons.wikimedia.org

Хегсет нареди преименување на бродот именуван по иконата на геј правата Харви Милк

June 4, 2025
фото: Џабир Дерала, ЦИВИЛ

Герасимовски: „Комунална хигиена“ нема капацитет, спремаме кривични пријави за нечистењето на сметот

June 4, 2025

„Четвртата економија“ во ЕУ не се замара колку чини четврт бурек

June 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на NEWS 18

Затворени центрите за помош во Газа откако Израел предупреди дека патиштата до локациите се „борбени зони“

June 4, 2025
Дарен Бити зборува со присутните на Студентскиот самит за акција во 2020 година, организиран од Turning Point USA во Конгресниот центар на округот Палм Бич во Вест Палм Бич, Флорида. Фото: Wikimedia commons / Gage Skidmore

Функционерот на Трамп кој ја затвори агенцијата за борба против дезинформации има тесни врски со Кремљ

June 4, 2025

Почина младо момче од кумановско Доброшане откако со мотор удрил во бетонски столб

June 4, 2025
Граничен премин Рафа, Египет: Камиони со хуманитарна помош за Газа

Уницеф: Газа треба да прима до 600 камиони со помош дневно – наместо да се примаат 600 кутии

June 4, 2025

МВР: Две нови дигитални услуги достапни преку националниот портал uslugi.gov.mk

June 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Лажните вести предизвик на традиционалните медиуми

May 7, 2018 08:44
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Терминот „лажни вести“ својата популарност ја добива со победата на Доналд Трамп на претседателските избори во 2016 година во САД. Година подоцна значењето, ефектите и начинот за справување со лажните вести се „жешка тема“ на голем број конференции, дебати и расправи.

Додека сите говорници на темата се согласни за опасностите и потребата од справување со „лажните вести“, недостига усогласена дефиниција на поимот и начинот на кој треба властите и медиумите да борат против негативните ефекти.

Но, едно е сигурно, феноменот на лажни вести го наруши еко системот на традиционалните медиуми. По првичниот бран на неприфаќање, дел се прилагодија, а дел преземаа мерки за справување, сепак, се уште се чека на сеопфатна стратегија. Владите и медиумите немаат заеднички одговор што ќе го дефинира пристапот, така што нема да биде само обичен одговор на пропаганда, туку ќе понуди навремени и точни информации што навремено ќе спречат пренесување и ширење на лажните вести.

Пред десетина дена во Скопје се одржа панел дискусија „Медиумите во дигитална ера:справување со лажни вести“, во рамки на Дигиталниот самит на земјите од Западен Балкан 2018.

Проблемот не е нов, а технолошкиот напредок го зголемува предизвикот

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, како модератор на панел дискусијата, посочи дека Македонија не е исклучена од феноменот на лажни вести и дека тој проблем не е нов, а технолошкиот напредок го зголемува предизвикот.

– Проблемот со лажните вести е што се губи довербата и тоа е најголем предизвик за традиционалните медиуми. Истражувањето на МИТ покажува дека лажните вести продираат шест пати подлабоко и побрзо од вистинските вести, бидејќи се изненадувачки и шокирачки наслови и предизвикуваат силни емоции кои често се негативни, изјави Димитров на отворањето на дебатата.
Според Димитров слободата на медиумите е важна и е во основата на секоја функционална демократија.
– Ние тоа го научивме на потешкиот начин, во времето на криза, кога имавме национални телевизии, кои не ги пренесуваа едни од најголемите скандали од независноста на државата. Сметам дека не треба да се срамиме од нашата улога во „лажните вести“ и градот Велес, бидејќи напредокот почнува со соочување со проблемот, рече Димитров.
Проблемот со лажните вести, посочи Димитров, како дополнување на немањето на вистинските информации, е тоа што се губи довербата. Луѓето се збинети, не знаат кому да веруваат и ова е предизвик за традиционалните медиуми. Довербата е многу важна во општеството, изјави Димитров.
Различни ставови за терминот лажни вести
Метју Џејкобс од Бирото за Европа и Евроазија при американскиот Стејт департмент, и одговорен за борбата против лажните вести во оваа институција, го дефинираше феноменот на „лажни вести“ како намерно поткопување на демократските процеси.
– Терминот лажни вести е пренаполнет, но и малку нејасен. Што јас сметам дека се лажни вести и тоа што читам дека се лажни вести е сосема различно. Мојата интерпретација на поимот е сосема различна од тоа како другите го поимаат терминот лажни вести. Може да имате шест различни ставови од шест различни говорници за терминот лажни вести. За мене лажни вести се дезинформации и невистини, еволуција на пропагандата за користење на идеалот на демократијата за поткопување на основата на демократијата со крајна цел поделба на луѓето и општествата и намалување на вредноста и потенцијалите на објективноста во демократска смисла на зборот. Треба сериозно да почнеме да размислуваме како да го запреме. Ако нешто не можеме да го дефинираме и најдеме функционална дефиниција, не можеме да се обединеме за решавање на овој проблем, изјави Џејкобс.
Верува дека лажните вести претставуваат свесно поткопување на демократските процеси.
– Ова не се нови предизвици, само се префрлија на нов медиум. Овој нов медиум се движи многу брзо. Прагот за влез во дигиталната комуникација е многу понизок, во однос на тој за традиционалните медиуми, без разлика дали се тоа весници, радио или телевизија. Сега тоа целосно е симнато, така еден човек може да направи многу продукти и таргетира многу луѓе, посочува Џејкобс.
Со тоа, според него, овие информации брзо се шират и има тенденција да не се прави разлика меѓу вистинска и неточна информација. Нешто се должи на големото количество информации, а дел на тоа како и кога ние ги користиме овие технологии. Сепак, се се сведува на човечки фактор и ако е така, нам ни е потребен таков пристап, смета Џајкобс.
– Владите мора да станат подобри во дигиталната комуникација со луѓето. Владите се дефинирани од бирократски процеси и не се менуваат многу често, а кога го прават тоа, промените мора да минат низ неколку нивоа на потврда и тоа зема време. Од друга страна, дигиталната економија и дигиталните медиуми се дефинирани од брзината со која се менуваат. Нема шанса владите кои се движат бавно и дигитални медиуми кои се движат брзо  да се усогласат и единствен начин е да работиме заедно, изјави Џејкобс.
Нагласи дека владите се наоѓаат во реактивна позиција и мора да бидат побрзи во комуницирањето со луѓето, бидејќи тие се оние што се грижат и работат за доброт на луѓето.
Не се бавиме со факти, туку со ставови и мислења
Новинарката и филмски продуцент Рејчел Рајт од Би-би-си вели дека во оваа медиумска куќа постои цел оддел што работи на проверка на фактите за осигурување дека информациите што се пласираат се точни.

– Една од најважните работи што новинарите ја прават е филтрирање на информациите. Имате информација, што се случува и новинар кој е трениран да ги исфилтрира и создаде нешто што е разбирливо за јавноста. Проблемот е што не се бавиме со факти, туку со ставови и мислења. Проблемот е во тоа што луѓето го пишуваат тоа што мислат и читаат тоа што ги потврдува нивните предрасуди и тоа е причина зошто ни требаат граѓаните да станат новинари, треба да ги едуцираме луѓето кои ја немаат способноста да ги анализираат, изјави Рајт.

Посочи дека еден од проблемите со Брегзит е тоа што луѓето долго не се интерсираат за ЕУ и не знаат ништо и не читаат за Унијата.
– Едно од најпребаруваните прашања на Гугл за време на референдумот е „Што е ЕУ“ и тоа покажува дека луѓето го немаат основното ниво на образование и не се способни да ги примат и разберат податоците што се случува. Една од иницијативите на Би-Би-Си е да им помогнат на младите луѓе да станат новинари, да ги разберат и користат алатките за препознавање на лажните вести, рече Рајт.
Проблем е што не можеме да се согласиме за тоа што е реалноста
Ерик Бурнс, експерт за медиуми и стратегија од САД рече дека лажните вести, како што сега се разбираат, во суштина се традиционални лажни и полулажни, непроверени информации.
– Треба да запомниме дека лажните вести се дизајнирани да ги поврзат постоечките предрасуди на луѓето и нивниот идентитет и се поврзат со нив емотивно. „Фејсбук“ стана најмоќна алатка за информирање во светот. Може да видите нешто на вести, но кога другарите ќе ви кажат нешто и ќе направи да се чувствувате добро кога верувате и самите ги сортирате овие информации. Ова е нешто што го видовме во досега невиден интензитет на изборите 2016 година и верувам дека е апсолутно погубно за политиката во мојата земја, до степен што пријатели со кои се знам 10-15 години повеќе не можам да разговарам за политика, бидејќи не можеме да се согласиме за тоа што е реалноста. Тоа е според мене фундаменталниот проблем, ако ние како демократии не можеме да се согласиме што е факт, а што не, тогаш се ќе се распадне, изјави Бурнс.
Посочи дека е неопходен прогресивен пристап и идентификување на лажните вести и брз одговор на нивното ширење.
Корисниците се повеќе се врзуваат со информациите од социјалните медиуми и во исто време не им веруваат
Паоло Чезарини од Европската комисија на панелот изјави дека овој феномен на лажни вести е далеку поопсежен и подлабок отколку само брендирањето на самиот феномен и дека агендите зад овој феномен се политички и економски.
– Лажните вести се лош термин, најпрво поради лажните вести кои постојат, но и поради тоа што се користи како оружје од некои моќни актери со цел да се дискредитираат медиумите кои објавуваат информации. Феноменот е поширок, подлабок и треба да биде редефиниран. Тоа не е лесно и мора да мислиме и на елементот на намерна манипулација, изјави Чезарини.
Мора да бидеме свесни за ширењето на феноменот, софистицираноста на алатките кои се користат и најважно еволуцијата на овој феномен.
– Новите технологии се менуваат и каналите кои лошите групи ги користат. Овие технологии еволуираат и мора да разбереме дека одговор што ќе даде резултат денеска може нема да биде доволно добар утре, истакнува Чезарини.
ЕК разработи систематски пристап за решавање на овој проблем, кој посочи Чезарини, веруваме дека е инклузивен, ги зема во предвид онлај платформите, традиционалните медиуми и цивилното општество. На 26 април ЕК предложи воведување на доброволни правила за дејствување за онлајн платформите и медиумите во борбата со дезинформациите.
Се предлага да се воведат можности за јасно разликување на изворот на информацијата, нејзината веродостојност и финансирањето на медиумите. Се предлага исто така за медиумската писменост да се предава и на училиште. На државите во ЕУ им се предлага да поддржуваат квалитетно новинарство и образование на новинари, како и да усвојуваат мерки за заштита на медиумите од предизвиците на пазарната средина.
– Сметам дека граѓаните малку се збунети. Знаеме дека 57 проценти од Европејците денеска имаат пристап до информации преку сите извори, како социјални медиуми, агрегатори и платформи. Знаеме дека довербата на Европејците во медиумите и изворите на информации, покажува дека се уште најмногу 70 проценти доверба имаат во радиото, додека таа изнесува 63 проценти на печатените медиуми, а ако гледате на онлајн и социјалните медиуми, довербата паѓа на 27 проценти. Ова е голема разлика. Корисниците од една страна се повеќе се врзуваат со информациите од социјалните медиуми и во исто време не им веруваат. Мора да направиме потранспарентен и поинтелигентен простор за корисниците, изјави  Чезарини.
Според него, најпрво мора да се тргнат економските бенефити од дезинформаторите и да се воспостави потранспарентен пристап до информациите. Следен чекор е создавање соодветна инфраструктура за враќање на кредибилноста на онлајн информациите и крајната фаза е одговорно однесување на корисниците, кои читаат и разбираат што читаат, но и активно учествуваат во создавањето и ширењето на информациите.
Граѓаните немаат доверба во медиумите 
Истражувачката новинарка Сашка Цветковска истакна дека секој ден се соочуваме со хиперпродукција на лажни вести и дека се работи за феномен кој сè уште не го познаваме доволно. Нејзиниот предлог е дека решението мора да биде интердисциплинарно и да вклучи различни типови институции.
– Ако зборуваме за платформите за проверка на факти, нашата последна приказна вклучи четири уредници, тимови во пет земји по тројца новинари и плус дополнителен персонал за помош во истрагата. Околу 25 луѓе четири месеци работеа на оваа приказна. Документацијата од ова истражување е на околу 1.500 страници. Приказната имаше 28 драфт верзии пред да се објави, истакна Цветковска.
Посочува дека по објавување на приказната половина од луѓето ќе ја прочитаат, половина нема. Од тие што ќе прочитаат половина ќе кажат браво, а половина повторно нема да веруваат.
– Најголемата последица од лажните вести е недовербата. Ние повеќе не ужуваме доверба. Дали ќе истражуваме четири месеци или еден ден, што и да правиме, ние имаме исто доверба, колку секој денеска што работи половично или не си ја работи својата работа. Кога граѓаните немаат доверба во нас и се земаат низ призма на недоверба и сомнеж, тогаш како нашите граѓани ќе може да носат одлуки во својот најдобар интерес. Ако не ни веруваат нам, нема да веруваат и на инстутуциите. Во моментот кога нема да веруваат на институциите, граѓаните веќе не ги поседуваат институциите и се помалку луѓе се заинтересирани за политиките кои се креираат и за гладање, истакна Цветковска.
Посочува дека кога луѓето не веруваат никому или веруваат на погрешните луѓе, кога има сомнеж, тие не располагаат со доволно информации да одлучуваат во својот најдобар интерес и тука е проблемот.
Александар Атанасов (МИА)
Print Friendly, PDF & Email
Tags: БурнсвладаДигитален Самитдигитална економијаДимитровинформациикомуникацијалажни вестиМедиумиРајтслободаЦветковска
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Експлозија во Ставропол го уби рускиот функционер кој ги предводеше нападите врз украинскиот Мариупол

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ