• Latest

Димитров на средба со јапонскиот амбасадор за Западен Балкан Хироши Кавамура

May 8, 2018

Бабин Јар, 85 години подоцна: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
Одеса, 29 септември 2026 (ДСНС)

Деноноќен руски терор врз Украина: Напади врз Кијив, Одеса, енергетика, железница, домови и цивилна инфраструктура

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Инфлацијата навистина е пониска од европската, но што премолчува Мицкоски?

September 29, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија останува на перонот, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

Вистината не може да се замолчи: Безусловна поддршка од ЦИВИЛ за Меморијалниот центар Сребреница

September 29, 2026

Поддршка од американскиот Конгрес за Меморијалниот центар во Сребреница: Остра осуда за полициското заплашување

September 29, 2026

ЕУ забрзува, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

ИНФОГРАФИК: Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 29, 2026

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026
Градот останува, животот исчезнува - ГРАДСКА.МК (илустрација генерирана со вештачка интелигенција)

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Димитров на средба со јапонскиот амбасадор за Западен Балкан Хироши Кавамура

May 8, 2018 12:25
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска го прими амбасадорот задолжен за Западен Балкан во Министерството за надворешни работи на Јапонија, Хироши Кавамура.

Посетата на амбасадорот Кавамура е прва по неговото назначување на позицијата и претставува одлична можност за продлабочување на соработката меѓу Република Македонија и Јапонија, се наведува во соопштението на македонското МНР.

Министерот Димитров ја поздрави јапонската иницијатива за соработка со земјите од Западен Балкан, која претставува нов значаен механизам за потесна соработка и поддршка на земјите од Регионот во нивната европска интеграција. Во доменот на билатералните односи и соработка, МНР Димитров изрази задоволство од суштинскиот напредок постигнат досега, особено по минатогодишното отворање на резидентна јапонска амбасада во Скопје и го истакна интересот за натамошен проактивен ангажман на овој план.

– Срдечно ја поздравувам јапонската иницијатива за соработка со земјите од Западен Балкан и искрено се надевам дека оваа иницијатива, меѓу другото, ќе резултира со прва јапонска инвестиција во Република Македонија.

Амбасадорот Кавамура изрази задоволство што Република Македонија е првата земја која ја посетува по неговото преземање на новата функција. Исто така, тој информираше за областите кои ќе бидат фокус на јапонската иницијатива за соработка со земјите од Западен Балкан, меѓу кои економската поддршка, споделување знаење и експертизи во области од регионален интерес, како и промовирање на мали и средни претпријатија, се наведува во соопштенето на МНР.

По средбата, во Министерството за надворешни работи беа одржани третите по ред политички консултации меѓу Република Македонија и Јапонија на ниво на политички директори, на кои беше детално разговарано за севкупните односи и нивното натамошно унапредување. (МИА)

Tags: амбасадорЗападен БалканЈапонијаМинистерство за надворешни работиНикола ДимитровРепублика МакедонијасредбаХироши Кавамура
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ