• Latest
Добро утро со Орданоски

Дипломатските севдалинки на Хајрудин

May 10, 2018
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Дипломатските севдалинки на Хајрудин

May 10, 2018 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial” fontsize=”45″]Д[/dropcap]оброоо… Вчера се објавија официјалните наоди на Министерството за надворешни работи за сомневањата за големи измами и многу организиран криминал при купувањето и одржувањето на бројни дипломатски згради за потребите на Македонија во странство. Извештајот е страва, да ти се дигне коса на глава, дури и ако ти е непостоечка, како мојата ќелаица, или ако ти е разретчена како, еве, кај Антонио Милошоски, на пример!

Значи, со извинение на принципот за пресумпција на невиност, овде од сто километри се гледа дека се работи за крупен, милионски криминал. Проценките на надлежните се дека во целата оваа сомнителна државна инвестициска операција, објектите се преплатувани во однос еден спрема три, односно дека за она што пазарно чинело еден милион евра, биле плаќани три! Повеќе од така преплатените објекти, купени пред само некоја година (некои од нив биле и дивоградба!), од тогаш до денес не се во употреблива состојба, па заради тоа државата изнајмува други објекти во овие престолнини, иако се правени и дополнителни милионски, наводни, реконструкции и обновувања.

Целата неколкугодишна криминална операција, од 2007 година наваму, според првични наоди, чинела околу, дребни, 50 милиони евра. Јас чувствувам – онака, од проклето искуство – дека таа сума, кога ќе се комплетира истрагата и обвинителниот акт, значително ќе порасне.

Најголемиот број зделки ги работела воспоставена „мрежа“ во која, покрај неколку доверливи кадри од МНР, учествувала и една странска адвокатска канцеларија (извесен д-р Ендре Фехер, преку кого оделе милионски суми за купување, изнајмување, поправки и посредувања во зделките со објектите, кој адвокат во голем број случаи ни бил овластен правен застапник и нам, како купувачи, но и на оние кои ни ги продавале објектите во разни земји!), а како главен „пејач“ со репертоар за инвестициски „севдалинки“ се спомнува името на извесен „Хајрудин од Босна“ кој – види чудо! – бил сопственик на повеќе купени објекти низ различни европски престолнини. Види, мајката, каква случајност, чиста коинциденција што Хајрудин, ете, така, си имал објекти од Прага до Виена и Москва, баш нам кога ни требале да ги купиме!

Многу од објектите се наоѓаат на периферија, во резиденцијални населби на главните градови во овие пет-шест странски земји, иако подобри и поголеми објекти во центарот на престолнините ни биле нудени за поевтини пари од вака преплатените.

Но – како што велат во рекламите при акциските распродажби на стока на залиха – „Тоа не е сè!“…

Имено, моите дипломатски и истражни извори додаваат уште неколку пикантни основани сомневања: дека и некои објекти во скопско Бардовци биле изградени од извесни градежни фирми, паралелно со купопродажбата и реновирањето на нашиве дипломатски објекти во странство; дека имињата на некои од странците се вмешани и во други бизниси, но и истраги што се водат за сосема други случаи од страна на обвинителските инстанци во Македонија; дека кабинетот на Груевски бил запознаен во сите инвестициско-финансиски детали на ваквите зделки; но и дека еден наш познат бизнисмен од Чешка, со тесни роднински врски во политичкиот врв на владите на Груевски, стои во позадината на оваа добро разработена криминална купопродажна мрежа, иако неговото име – миракулно! – никаде не се појавува во анализираните документи на овој дипломатски инвестициски скандал.

„Го нема во документите – велат моите извори – но го има во изјавите на некои од вмешаните!“… Тоа е тој човечки фактор, секогаш најнепредвидливата карика во секој синџир на криминали.

Така што, знаеме наскоро што ќе биде: кога обвинителите ќе дадат налог за приведување и притворање на вмешаните (а меѓу нив ќе има и сегашни пратеници во Собранието на РМ), ќе рипне најголемата опозициска партија со тврдење дека сите купопродажни одлуки се донесени со решение на надлежни комисии и со одлуки на владата, дека се работи за политички терор, за притисок од „хунтата“ врз опозицијата и за измислени случаи за пропагандно да се сокрие промената на името!

Оди сега ти, па разбери се, што е суштината на делата од кривичната област „организиран криминал“! О-р-г-а-н-и-з-и-р-а-н, алооо!


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Tags: дипломатски зградиизмамиМНР
Share233TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ