Тимот на ЦИВИЛ Медиа ги праша штипјанки и штипјани каква Македонија сакаат. Освен еден граѓанин што сеедно му е каква ќе е Македонија сè додека има добри пензнии, поглемиот дел од граѓаните сакаат мирна и просперитетна Македонија. Но, и Македонија што ќе биде дел од Европската Унија.
Сепак, долг е патот до ЕУ и треба многу да се работи, велат граѓанките и граѓаните во Штип. Според нив сè зависи како ќе се поставиме и како што изјави една штипјанка како ќе се покажеме пред странците.
„Ако сакаме Европска Македонија треба да се подобрат меѓучовечките односи, да се подигне нивото на култура во нашето земја, да внимаваме на нашата околина…“, изјави една од соговорничките на ЦИВИЛ Медиа.
Биљана Јордановска
Камера: Дехран Муратов