• Latest

Парламентарните партии делумно усогласени пред средбата Жан Моне

May 14, 2018

Додик најави реферндуми на 18 и 25 октомври за одлуката да му се одземе претседателскиот мандат

August 21, 2025

Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

August 21, 2025
Средба Трамп-Путин, Алјаска, 15 август 2025 (извор на фотографија: веб-страницата на рускиот претседател)

5 дена дипломатија, 5 дена смртоносни руски напади врз Украина

August 21, 2025

Правото на глас – темел на демократијата, што е што во изборен контекст

August 21, 2025
Фото: Скриншот од виео на CNN-News18

Меѓународниот кривичен суд ги „осудува“ новите санкции на САД врз судиите и обвинителите на судот

August 21, 2025
Фото: Дејан Трајковски / Фејсбук

Трајковски: Денеска Албанија е земја кандидатка за членство во ЕУ, која успешно отвора поглавија – Македонија стана едно бесперспективно и тажно место за живеење

August 21, 2025

Османи со „градежна стража“ против урбаниот хаос во Чаир

August 21, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

Суровата реалност на протестите во Србија: Полициска бруталност, закани, селективни апсења

August 21, 2025
Војо Маневски

Треба ли кандидатите за локална власт да поминат задолжителна обука?

August 21, 2025
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Дипломатија или капитулација – Како граѓаните ги гледаат напорите за мир во Украина

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Парламентарните партии делумно усогласени пред средбата Жан Моне

May 14, 2018 15:39
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Деловникот за работа на Собранието, Етичкиот кодекс, буџетската независност на македонското Собрание, се дел од прашањата што се очекува да бидат дискутирани во рамки на Жан Моне процесот, чија прва средба ќе се одржи кон крајот на неделава во Охрид, јавува МИА.  

Ваквиот начин на дискусија меѓу пратениците од македонското Собранието го иницираа тројцата европратеници Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан, кои ќе присуствуваат на состанокот во Охрид.  Еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан нема да присуствува на средбата, но, според агендата, предвидено е негово видеообраќање.
Освен претседателот на Собранието  Талат Џафери, според последните најави, во Охрид ќе бидат и тројцата потпретседатели на Собранието, координаторите и по тројца пратеници од пратеничките групи. Средбата треба да почне во четврток вечер, а главните активности, според последната агенда, се во петок на 18 мај.
Разговорите треба завршат со вечера на која се поканети и лидерите на парламентарните политички партии. Поканети се премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, кој го потврди присуството, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој, исто така, ќе присуствува, лидерот на ДУИ Али Ахмети, на ДПА Мендух Тачи, од Алијансата на Албанците Зијадин Села и од Беса Билал Касами. Ова би можело да биде првата средба на лидерите, по разговорите на Заев со грчкиот премиер Алексис Ципрас на Самитот во Софија на 17 мај. Дополнително Мицковски ќе присуствува на состанокот на Европските народни партии на 16 мај, исто така, во Софија.
Средбата во рамки на Жан Моне процесот може да се смета како дел од реформите во земјата имајќи предвид дека прашањата за конституирање на Парламентот и за пратенички прашања се дел од планот 3-6-9, а овие разговори треба да придонесат и за подобрување на политичкиот дијалог.
На средбата во Охрид и претходеа усогласувања на ставовите на пратеничките групи, особено за Деловникот за работа на Парламентот и за Етичкиот кодекс.
Според извори во пратеничките групи усогласени се прашањата поврзани со конститутивната седница, за скратување на роковите за интерпелација, прашањето за надзорната расправа да биде внесено во Деловникот и да се допрецизира, ќе има мало проширивање на постапката за донесување на буџетот и ребалансот на буџетот со нови рокови и процедури, воведување на критериуми и постапка со конкурс за избор на генерален секретар и негови заменици, воведување на регулатива за воспоставување на собраниски календар, потпретседателите на Собранието да ги имаат истите процедурални права, како и координаторите на пратеничките групи, потпретседателите од опозицијата да имаат право да воведуваат спор во однос на почитувањето на Деловникот, на секоја втора седница на Собранието првата точка на дневен ред да биде предлог на опозицијата, член 24 од Законот за Собрание каде што е утврдена надлежноста на координаторите да се стави во Деловникот, посебно собраниско обезбедување независно од МВР, при свикување на итни седници претседателот  да даде образложение во решението за свикување седница, а усогласени се и нови правила за пратенички  прашања.
Она што го бараат владејачките партии предводени од СДСМ, а не е прифатливо за ВМРО-ДПМНЕ,  е ограничување на расправата за секој закон на три дена, како и да се дефинираат и формите на  пратеничките групи.
Од друга страна опозицијата и ВМРО-ДПМНЕ бараат независен собраниски буџет односно Министерството за финансии да не одлучува за буџетот на Собранието, како и посебен независен статус на собраниската администрација. Пратениците од опозицијата бараат за законите по скратена постапка да се гласа со двотретинско мнозинство, да постои можност за утврдување одговорност за прекршување на Деловникот од страна на претседавачот со пленумот или работното тело и ограничување на бројот на потпретседатели и заменици на генералниот секретар.
Од ДУИ, пак, велат дека нема прашања што тие ги отвориле, а кои не се усогласени. Нивните очекувања се од оваа средба да се изгради култура на консензуализам на парламентарните партии за значајни натпартиски прашања како што се реформите, евроинтеграцискиот процес и друго.
Пратениците не исклучуваат на разговорите во Охрид да бидат отворени и други прашања за дискусија.
Претседателот на Парламентот Талат Џафери во изјава за МИА вели дека се е подготвено за средбата во Охрид и дека очекува власта и опозицијата да постигнат крајна усогласеност за прашањата поврзани за измени во Деловникот. Битно е, вели тој, тоа што се покажало како спорно да се усогласи.
Џафери смета дека, исто така, е потребно усогласување во  однос на прашањето за целосно отворање на Деловникот во некој нареден период.
Во однос на финансиската независност на Парламентот, тоа е прашање што било отворено во Вилтон парк и оти за ова е потребен подолг временски период  и дебати.
Средбата во Охрид, според него, би требало да биде уште еден придонесе кон условно кажано враќање на политичката култура во Парламентот. (МИА)
Print Friendly, PDF & Email
Tags: „Жан Моне“парламентарни партииСобраниесредба
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ