• Latest

Три концерти на Филхармонијата од утре до 3 јуни

May 29, 2018

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Три концерти на Филхармонијата од утре до 3 јуни

May 29, 2018 11:25
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Од утре до 3 јуни Македонската филхармонија ќе организира три концертни настани. „Класиката го сретнува џезот“ е насловен утрешниот концерт од 20 часот на Квартетот тромбони на Филхармонијата, во состав: Димче Белчовски, Бранко Илиевски, Никола Ристевски – тромбони и Александар Ниниќ – туба. Гости на концертот ќе бидат Маријана Николовска на пијано и Славчо Коцев на тапани.

На концертот ќе бидат изведени атрактивни дела од Гершвин, Рубинштајн, Кармајкл, Давид, Хадад, Нихаус…, композиции кои, наведува Филхармонијата, се фантастичен микс од техниките на западната класична школа и џезот.

В петок од 20 часот ќе се одржи традиционалниот концерт „Младите доаѓаат“ со ученици од државните музички училишта во Македонија, на кој ќе се претстават млади, талентирани музички уметници кои по пат на аудиција се избрани да настапат како солисти со оркестарот на Македонската филхармонија. Диригент на концертот е Ле Фи Фи, а ќе бидат изведени дела од Глук, Аколаи, Моцарт, Лало, Хајдн, Лист, Сен-Санс, Росини, Хачатуријан…

Првпат во Македонија на 3 јуни ќе биде изведено спектакуларно 3Д Мапинг шоу, односно мултимедијален перформанс насловен „И коњите ги убиваат, зарем не?“, во копродукција на Македонската филхармонија и 3Д Проект студио.

– Покрај аудио и видеосензацијата, ќе биде вклучена и актерска игра, а во главната улога ќе настапи актерот Дејан Лилиќ. 3Д Мапингот е базиран на музички аранжман од Џијан Емин, но и од легендарните хитови на групата „Лед Цепелин“, испреплетени со музичките дела на Дмитриј Шостакович и миленикот на Кјубрик – Арам Хачатуријан. 3Д Мапингот и видео анимациите се дело на Милчо Узунов. Настанот е во режија на Златко Славенски, соопшти Македонската филхармонија.

(МИА)

Tags: концертмузикаФилхармонија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ