ЦИВИЛ Медиа разговараше со професорката и експертка за човекови права Мирјана Најчевска за очекувањата од развојот на политичката состојба во земјата, нејзините очекувања и реалната слика од почетокот на годината до сега, каде бевме, каде сме сега и што можеме да очекуваме до крајот на 2018.
„Се стекнува впечаток дека власта се концентрира на две-три прашања, а другите прашања го немаат приоритетот што треба да го имаат. Тоа не би се случило доколку функционира државата… Имам впечаток дека станува збор за несоодветни делувања, меѓутоа и за несоодветни, институционални, можеби персонални, решенија… Она што го гледам во државата е неискорисутвање на потенцијалите… Реформи ќе направиме тогаш кога ќе ги искористиме институциите и сите луѓе што се наоѓаат во нив“, изјави Најчевска.
Перспективи 2.0 е продолжение на серијалот видео-интервјуа Перспективи 2018, каде експерти, професори, новинари, активисти и општествено одговорни граѓанки и граѓани зборуваат за надежите, очекувањата и состојбите во општеството, во текот на годината.
Новинарка: Маја Ивановска
Обработка на текст: Биљана Јордановска
Монтажа: Ермин Климента