• Latest

Заев се уште на разговал со Ципрас, работните групи ги прецизираат техничките детали

June 2, 2018

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев се уште на разговал со Ципрас, работните групи ги прецизираат техничките детали

June 2, 2018 10:43
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека се уште немал телефонски разговор со неговиот грчки колега Алексис Ципрас во врска со евентуалниот договор за прашањето за името.

– Во тек се разговорите на работните групи околу одредени технички детали, рече Заев, кој  присуствуваше на почетокот на градежните работи за изградба на експресен пат Радовиш – Штип.

–  Знаете јас уште на самиот почеток сум оптимист, не би сакал да давам детали. Верувам дека ќе го најдеме решението, но штом се отстранат овие технички можности веднаш ќе се случи телефонскиот разговор и верувам дека во најбрз можен рок можеме да објавиме дека сето тоа што е договорено, како би го процесуирале понатаму самите постапки, за да пристигнеме навремено пред Европскиот совет заради тоа што тогаш ќе се одлучува за добивање датум за отпочнување на преговорите за Македонија. Така што, следните денови сме максимално фокусирани и посветени, се работи за договарање за членови од договорот, за детали коишто се важни, заради тоа што сега е време тие да бидат прецизно договорени, рече Заев.

Потврдува дека и двете страни кога ќе го постигнат договрот околу името неговото потпишување меѓу Макеоднија и Грција ќе се случи во Преспа, а, како што вели, тоа е желба уште од Давос.

– Таму би требало да биде потпишувањето, таа желба е уште од Давос затоа и премиерот Ципрс секогаш ја повтора и затоа јас само можам да ја потврдам секако во овој момент тоа што го разговараат усно министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција треба да биде преточено во правен документ  треба одредени детали, на крајот јас и премиерот Ципрас треба да одлучиме со наши аргументации. Јас сум подготвен за тој разговор, знам дека е и тој подготвен, секако важно ни е како тоа ќе го објасниме на нашата македонска опозиција за да има причина за да ја повикаме за да биде заедно со нас, наведе Заев.

Многу и најважно е, дополни, да им објасниме на граѓаните на РМ, но исто така паралелно и важно е да им објасниме на опозицијата во Грција., како и на граѓаните на Република Грција. – Секој договор има крајни аспирации не само да отстрани одреден проблем, туку да биде алатка за зголемување на пријателството меѓу двата народа. Јас верувам дека и така ќе биде прифатено од двете страни. Ова само да биде причина да расте интензитетот и меѓусебната соработка од секој аспект меѓу граѓаните на РМ и граѓаните на Република Грција, рече Заев.

Прашан како го коментира предлогот Република Северна Макеоднија за којшто деновиве објавуваат грчките медиуми, Заев со став дека не би коментирал детали бидејќи, како што вели, е внимателен и сака да остави шанса да успее договорот.

– Веднаш штом одлучиме за имињата, придавките, додавките или слично ние би соопштиле веднаш на граѓаните, посочи премиерот.

На новинарско прашање зошто македоската јавност и медиумите постојано дознаваат информации и шпекулации од грчките медиуми и каде конкретно заглави договорот со Грција Заев повторно акцентира дека не сака да зборува за детали.

–  Чувствително е, не знам како тоа ќе го прифати грчката страна. Тоа се наши пријатели, веќе довербата е голема, изградена. Не би зборувал за детали. Заради тоа што тоа се работи коишто треба ние да ги отстраниме, и македонската и грчката страна. Нема на друг начин да се отстранат. Шпекулациите од секогаш излегуваат од сите страни. Прво работат повеќе луѓе на материјата на темата за да може да се создаваат тие околности и да се изврши оваа телефонска комуникација помеѓу мене и премиерот на Грција Алексис Ципрас, рече Зае.

(МИА)

Tags: ДоговорЗаевочекувањеПреговориЦипрас
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ